Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Познато е зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Познато е зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ
ПОЛИТИКА

Познато е зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ

Објавено November 3, 2025 14:55
Сподели
Сподели

Универзитетската професорка Ана Чупевска, поднела оставка од потпретседателската функција во СДСМ, за време на изборниот молк.

Во документот, кој бил архивиран во централата на СДСМ, Чупевска навела дека се повлекува поради суштински несогласувања околу концептот и начинот на работење на партијата.

„Го преземам овој чекор поради суштински разлики во концептите за дејствување на партијата, како и поради разлики поврзани со методологијата на работење кои влијаат на перспективите на СДСМ“, стои во оставката објавена од ТВ24.

Оставката на Чупевска доаѓа во пресрет на вториот изборен круг од локалните избори, кога дел од раководството на партијата се соочуваше со внатрешни несогласувања и притисоци поради слабиот рејтинг и резултатите на терен.

Иако од СДСМ сè уште нема официјална реакција, претседателот Венко Филипче вечерта потврди дека Чупевска ја поднела оставката, додавајќи дека ќе продолжи соработката со неа „на друг начин“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поскапуваат горивата од полноќ
Следна Статија Лажен поп – „оперирал“ на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Има предлог за средба со Бугарија, треба Софија да се изјасни, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека е во тек комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во земјава околу иницијативата за…

June 14, 2025
ПОЛИТИКА

Моника Зајкова не сака предвремени избори

Мене ми е искрено многу жал што само ЛДП како партија зборува за кратење на нерационалните трошења во државава затоа…

June 13, 2026
ПОЛИТИКА

ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 46,65 отсто

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори низ Македонија. Последниот одзив е…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари му предложил на Мицкоски да направат Влада со Ахмети!

Лидерот на едно од крилата на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на средба со премиерот Христијан Мицкоски му предложил да…

May 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?