Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Познат милионер загина во ужасна несреќа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Познат милионер загина во ужасна несреќа
СВЕТ

Познат милионер загина во ужасна несреќа

Објавено October 16, 2025 19:21
Сподели
Сподели

Поранешниот извршен директор на „Авива“, Дејвид Барал, загина во „огнена топка“ откако неговиот „Астон Мартин“ излетал од патот и удрил во дрво.

Неговото семејство му оддаде почит на 63-годишниот бизнисмен по неговата смрт во близина на Ведерби, Западен Јоркшир. Полицијата го истражува инцидентот и апелираше до сведоците да дојдат со информации, објави „Дејли меил“.

Барал возел сив теренец „Астон Мартин DBX“ кога се случила несреќата на автопатот А58 Лидс помеѓу Бардси и Колингам, кратко по 14 часот во вторник. Во соопштението, неговото семејство вели: „Сите сме апсолутно скршени од загубата на најпрекрасниот човек. Почивај во мир Дејвид, многу ќе ни недостигаш на сите нас и секогаш ќе ни ги исполнуваш срцата. Те сакаме.“

Барал имал високи позиции во „Авива Лајф енд Пензионс“ помеѓу 1999 и 2015 година, а бил назначен за генерален директор за Велика Британија и Ирска во 2011 година.

„Скршени сме од загубата на Дејвид. Неговиот придонес кон компанијата и пошироката деловна заедница беше неизмерен. Нашите мисли се со неговото семејство во ова неверојатно тешко време“, изјави портпаролот на „Авива“.

30-годишната кариера на бизнисменот вклучува улоги на неизвршен претседател во „Вирџин Вајнс“ и инвестициската платформа „Ембарк Груп“, како и виш независен директор во осигурителната компанија „ЛВ“. Неодамна бил стратешки советник во инвестициската група „Харвуд Капитал“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас
Следна Статија Мицкоски: Додека јас сум премиер нема да има непринципиелен договор со Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Хамас да ги пушти сите заложници до сабота напладне или ќе се соочи со пекол, кажа Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку до сабота напладне не бидат вратени сите заложници кои ги држи палестинската милитантна…

February 11, 2025
СВЕТ

Принцот Вилијам: Нема место за Ендру и Хари во новата монархија

Наследникот на британскиот престол покажува одлучност во семејните кризи, додека се засилуваат повиците за „помала“ и пореформирана монархија. Принцот Вилијам,…

February 21, 2026
СВЕТ

Орбан му заблагодари на Трамп: Силните луѓе прават мир, слабите војуваат

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп затоа што „храбро се заложил за мир“.…

March 1, 2025
СВЕТ

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

Светски познатиот научник Џејмс Вотсон, кој ја делеше Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1962 година за помош во…

November 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?