Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Покренати обвиненија за 13 полициски службеници во случајот „Пулс“: Не спречиле палење факели, внесувале неточни податоци, неосновано давале дозволи…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Покренати обвиненија за 13 полициски службеници во случајот „Пулс“: Не спречиле палење факели, внесувале неточни податоци, неосновано давале дозволи…
ХРОНИКА

Покренати обвиненија за 13 полициски службеници во случајот „Пулс“: Не спречиле палење факели, внесувале неточни податоци, неосновано давале дозволи…

Објавено January 30, 2026 14:44
Сподели
Сподели

Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија соопшти дека, по спроведени темелни истражни постапки е поднесено обвинение против вкупно 13 полициски службеници во врска со пожарот во кочанското кабаре „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 220 беа повредени.

 

По истрагата која опфати вкупно 27 полициски службеници, обвинителството реши 13 од нив да се гонат за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“.

 

Според обвинението, полициските службеници во периодот од 14 до 16 март 2025 година не постапиле согласно прописите за заштита, не извршиле целосни и детални проверки и не ги примениле стандардните оперативни процедури за проценка и управување со ризик при вршење полициски работи. Иако бил изготвен план за акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на Полициската станица Кочани, тој бил идентичен за сите.

 

На критичната вечер, дел од обвинетите биле присутни во објектот, но не презеле соодветни мерки за заштита на присутните лица, ниту спречиле активирање на пиротехничка опрема, иако таа не била пријавена. Како последица на несоодветните услови за работа и пропустите при контролата, избувнал пожарот со катастрофални последици.

 

Дополнително, до Основниот кривичен суд Скопје е поднесен обвинителен предлог и против

9полициски службеници за злоупотреба на службената положба и овластување. Тие, според обвинителството, овозможиле кабарето „Пулс“ да добие лиценца во 2022 и 2023 година, иако не ги исполнувало законските услови, со што била прибавена значителна имотна корист.

 

„За тројца полициски службеници е поднесен обвинителен предлог. При изготвување на записниците за извршена контрола во клубот, во кои констатирале сторени прекршоци против јавниот ред и мир, внеле неточни податоци за правното и одговорното лице и дозволиле да бидат поведени прекршочни постапки против неактивното правно лице и физично лице со намера активното правно лице да прибави имотна корист“, велат од ОЈО-ГОКК.

 

Во однос на уште 7полициски службеници, истражната постапка е запрена.

 

„Утврдено е дека на повеќе полициски службеници им се ставаат на товар дејствија што ги презеле во временскиот период од 2012 година до 2022 година. Имајќи предвид дека надлежноста на специјализираниото одделение (ОЈО-ГОКК) е воспоставена во 2018 година, предмет на кривично правна оценка во оваа постапка беа само за дејствијата преземени од 2019 година до 2022 година, додека за останатите предметот е испратен на надлежно постапување во Кочани“, додаваат од ОЈО-ГОКК.

 

За сите обвинети остануваат на сила мерките за обезбедување на нивното присуство во постапката, до конечна одлука на надлежниот суд.

 

За пожарот во Пулс се обвинети 35 физички и три правни лица. Меѓу нив се сопственикот на „Пулс“, негови блиски, инспектори на државни институции, поранешни министри и припадници на агенцијата што ја обезбедувала дискотеката и нејзиниот сопственик. На почетокот на судскиот процес сите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според закон, ќе има зголемување и нивелирање
Следна Статија В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, вели Љутков

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривична за 13 лица за криумчарење луксузни возила, меѓу нив и вработени во МВР

Вчера се извршени 10 претреси кај 10 лица, од кои седум се во Скопје, еден во Дојран, еден во Неготино…

December 30, 2024
ХРОНИКА

Во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско поради сообраќајка

АМСМ информира дека вечерва од 18:40 сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е во прекин поради случена сообраќајна незгода.

November 26, 2024
ХРОНИКА

Крадци на морски плодови: Драматична кражба во Нова Англија

Разоткриена голема кражба на морски производи вредни илјадници долари во Northeast регионот на САД

January 1, 2026
ХРОНИКА

Обвинителството побара притвор за директорот и за управителот на „Комунална хигиена“

Скопското обвинителство побара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и за еден управител за…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?