Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според закон, ќе има зголемување и нивелирање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според закон, ќе има зголемување и нивелирање
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според закон, ќе има зголемување и нивелирање

Објавено January 30, 2026 14:42
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоси денеска повторно порача дека Владата ќе поддржи и примени договор за повисока плата помеѓу работниците и работодавачите, истакнувајќи дека за минималната плата мора да постапува по закон.

Понудивме зголемување на платите на административните службеници за околу 40 проценти, ССМ го одбија покачувањето! А во делот на минималната плата, согласно закон, ние мораме да постапуваме според закон. Ќе има зголемување и нивелирање. Првиот момент кога работниците и работодавачите ќе се договорат, ние како странка тоа ќе го поддржиме и ќе го примениме, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук, споделувајќи го неговото вчерашно излагање во Парламентот на оваа тема.

Мицкоски вчера на пратеничко прашање посочи дека понудената опција сè уште стои на маса до сите административни службеници и оти кога тоа ќе се реши, 99 проценти од администрацијата ќе имаат регуларан однос со Владата како работодавач.

На административните служби потсети дека уште мината година им понудиле зголемување на платите од март 2026 година до истиот период 2028 година за речиси 40 отсто под услов изнаоѓање формулација на еден заеднички колективен договор, што, наведе, било одбиено од ССМ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанчев најави активирање на поранешно „Фени“
Следна Статија Покренати обвиненија за 13 полициски службеници во случајот „Пулс“: Не спречиле палење факели, внесувале неточни податоци, неосновано давале дозволи…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Почнува изградбата на фабриката на турската компанија „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје

Во ТИРЗ Скопје денеска ќе биде поставен камен темелник на фабриката на турската компанија „Шахтерм“. На почетокот на изградбата на…

May 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите, според НБ

Најновите податоци на Народната банка покажуваат во септември годишен пад на просечната каматна стапка на вкупните кредити од 0,08 процентни…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за унапредување на регулативата за идентификување системски значајни банки

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Македонија во третиот квартал од 2024…

December 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Преку социјалните мрежи повик за бојкот на маркетите во петок

По примерот на Хрватска на социјалните мрежи и кај нас почна да се шири повик за бојкот на маркетите поради…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?