Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Политико: Политичката нестабилност во Франција ја загрозува целата еврозона
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Политико: Политичката нестабилност во Франција ја загрозува целата еврозона
СВЕТ

Политико: Политичката нестабилност во Франција ја загрозува целата еврозона

Објавено October 7, 2025 09:10
Сподели
Сподели

Франција повторно се соочува со политичка криза откако новата влада на Себастијан Лекорну падна помалку од 24 часа по преземањето на функцијата, внесувајќи нервоза на пазарите и отворајќи ја можноста за нови избори што би можеле да ја зајакнат крајната десница.

Овие настани доаѓаат во време кога Европа веќе се соочува со низа предизвици, војната во Украина, притисоците на американскиот претседател Доналд Трамп врз меѓународната трговија и растот на популистичките сили, па затоа постои страв дека целата економија на еврозоната наскоро би можела да биде загрозена, пишува Политико.

Загриженоста расте во Брисел и другите европски престолнини, каде што официјалните лица предупредуваат дека авторитетот на претседателот Емануел Макрон на меѓународната сцена, особено во однос на Украина и на Газа, би можел сериозно да ослабне.

Некои проценуваат дека нестабилноста во втората по големина економија во еврозоната би можела да го загрози целиот блок.

– Франција е премногу голема за да пропадне. Оваа политичка нестабилност ја загрозува целата еврозона – изјави дипломат од ЕУ под услов да остане анонимен.

Франција е втора најголема економија во Европската Унија, водечки играч во Г7, единствената нуклеарна сила на ЕУ и постојана членка на Советот за безбедност на ООН.

Подеднакво важно е што под водство на Макрон, оваа политичка сила, која е и еден од клучните актери во обликувањето на европските политики, можеше да се спореди само со Германија.

Сепак, Макрон долго време се соочува со притисок од крајната десница, предводена од Националниот собир на Марин Ле Пен, која води во анкетите, а истовремено се обидува да го реши проблемот со големиот буџетски дефицит.

Набљудувачите дури и не ја исклучуваат можноста за оставка на Макрон, иако неговиот претседателски мандат трае до 2027 година. Француските претставници се обидоа да ја минимизираат кризата, велејќи дека и покрај сложеноста на ситуацијата, „пилотот сè уште седи во пилотската кабина“. Во Брисел, некои дипломати веќе зборуваат за крајот на политичката кариера на Макрон, бидејќи, иако тој ја освои власта во 2017 година како симбол на промени, сега се смета за ослабена фигура чие влијание во ЕУ брзо бледнее.

По вчерашниот пад на владата француските акции и државни обврзници паднаа, додека еврото ослабе во однос на доларот.

– Не е добро за ЕУ ​​што една од нејзините најголеми членки е во криза, особено во сегашната безбедносна ситуација – рече еден функционер од Еврозоната.

Француско-германскиот тандем, традиционално клучен за функционирањето на ЕУ, е тешко да се замисли во овие околности, и покрај германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој во Брисел се смета за подинамичен од неговиот претходник.

– Франција ќе биде отсутна токму кога Русија врши притисок врз европските граници, Кина го зголемува индустрискиот притисок, а Америка на Трамп се однесува непредвидливо. Во овие услови, Франција не може да го обезбеди она што е способна да го даде – изјави француски функционер од кабинетот на министерот во оставка.

Лидерката на Националноит собир Марин Ле Пен веќе го искористи падот на владата за да го повтори барањето за нови избори, а лидерот на холандската десница Герт Вилдерс изјави дека времето на старите европски лидери е завршено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Преку СЕПА, од денеска побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите
Следна Статија Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Венс жестоко им одговори на украинските демонстранти кои го провоцираат пред ќерка му

Проукраинските демонстранти го следеа потпретседателот на Соединетите Американски Држави Џ.Д. Венс и неговата тригодишна ќерка додека тие шетале. Демонстрантите, како…

March 9, 2025
СВЕТ

Орбан: Цените на енергенсите да се намалат, ЕУ можеби ќе треба да ги укине санкциите против Русија

Европската унија треба да ги преиспита санкциите против Русија бидејќи тие ги држат високите цени на енергијата и ја попречуваат…

November 15, 2024
СВЕТ

Макрон доби шлаканица од сопругата Брижит пред десетици камери (ВИДЕО)

Пристигнувањето на францускиот претседател Емануел Макрон во Ханој, Виетнам, привлече големо внимание, бидејќи на снимките се гледа како неговата сопруга…

May 26, 2025
СВЕТ

„Блумберг“: Ердоган планира да му го предложи на Зеленски планот за ставање крај на војната

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да го предложи својот план за ставање крај на војната на состанокот на лидерите…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?