Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Полицајците на протест – бараат транспаретна истрага за нивните колеги осомничени за „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Полицајците на протест – бараат транспаретна истрага за нивните колеги осомничени за „Пулс“
МАКЕДОНИЈА

Полицајците на протест – бараат транспаретна истрага за нивните колеги осомничени за „Пулс“

Објавено October 12, 2025 17:26
Сподели
Сподели

Под паролата „Први за осуда Последни за почит, Независниот синдикат на полицијата денеска излезе на протест за да изрази револт кон Јавното обвинителство за како што велат, третманот на нивните колеги кои се под истрага за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 млади лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Присутните полициски службеници, како што пренесе ТВ Телма, порачаа дека браат правда за сите жртви, меѓу кои е и нивниот колега Тоше Тодоровски кој го загуби животот во пожарот, а изразија поддршка на колегите кои ја преживеале трагедијата. Како што наведоа од Независниот полициски синдикат тие не се против истрагата што се води против полициските службеници, туку бараат таа да биде јавна и транспаретна.

Во таа насока претседателот на Синдикатот, Мартин Ефремов изјави дека бараат барем еден распит на осомничените полициски службеници да биде јавно објавен за дас е види, како што рече, каков однос има Обвинителството кон полицајците.

„Мислам дека апсолутно не е човечки еден обвинител да се обрати на нашите колеги осомничени, за кои не е докажана вина и се смета дека се невини се додека не се докаже вина со зборовите – ‘ако вие бевте невини требаше вие да изгорите во трагедијата во Кочани’. Тоа е нешто што ако полициски службеник го каже на граѓанин, верувајте дека ќе заглави по затвори“,рече Ефремов.

Полициските службеници, присутни на протестот, симболично ги оставија нивните легитимации со цел да укажат, како што рекоа, дека им е смачено да чекаат кој следен од нив ќе биде уапсен.

Тие најавија дека од утре ќе започнат со поднесување кривични пријави против обвинители и судии.

Ефремов додаде дека, исто така, бараат од Обвнителството итно да постапи и да провери заошто Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен не постапува по приговорите што што ги поднеле како Синдикат за решенијата за мирување на работното место на нивните колеги, за кои, како што рече, не важи начелото за презумпција на невиност.

„Дел од нив се уште немаат ни обвинение, меѓутоа повеќе од шест месеци се оставени без плата, без придонеси, без никакво право на егзистенција. Можеби подобро ќе беше тие луѓе да ги ставеа во притвор, барем ќе имаше што да јадат и да пијат вака се оставени сами на себе“,кажа Ефремов.

Од Независниот синдикат на полицијата, изразија поддршка и за нивните колеги против кои се води дисциплинската постапка по убиството на велешанката Росица Коцева и нејзиниот татко, бидејќи и во тој случај, како што велат, прва на удар била полицијата, иако била поднесена кривична пријава за убиецот.

Собирот, како што пренесе ТВ Телма, започна пред Основното јавно обвинителство Скопје, продолжи кај црквата Богородица каде полициските службеници запалија свеќи за жртвите од пожарот во „Пулс“и заврши пред Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

За потсетување, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја води истрагата против триесетмина полициски службеници, кои се товарат дека како службени лица вработени во СВР Штип и полициската станица во Кочани не направиле целосна и детална проверка за издавање согласност за добивање лиценца за „Пулс“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Ние не ветивме туку се зафативме за работа, Љуботен и Љубанци ќе имаат чиста вода за пиење
Следна Статија Родителите на загинатите од Кочани не можат да поверуваат дека судењето би траело до 15 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од 1 јануари 2025 година задолжително регистарски таблички со ознака НМК

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италијанската Република и на Ватикан и ќе ја предводи македонската…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владина делегација предводена од Николоски во Лондон за договорот за стратешкото партнерство

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и утре е во посета на Обединетото Кралство каде што ќе биде…

May 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕК го објави извештајот за напредокот за 2024, Македонија најавува посветеност на европскиот пат и продолжување на реформите

Европската комисија вчера го објави „Пакетот за проширување“ за 2024 година, кој вклучува и Извештај за напредокот на земјава на…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?