Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Полицајци од Македонија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Полицајци од Македонија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона
БАЛКАН

Полицајци од Македонија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона

Објавено June 23, 2026 17:13
Сподели
Сподели

Албанската полиција започнува блиска соработка со хомологните структури од соседните земји со цел да се гарантира максимална безбедност за време на претстојното лето.

Заедничките патролни служби ќе бидат распоредени на клучните точки каде фреквенцијата на туристи е најголема.

„Меѓународната полициска соработка за летото ќе биде со Македонија, Косово, Црна Гора и Италија. Нашата полиција ќе обезбеди заеднички патролни служби, со овие земји, чии полицајци ќе доаѓаат во нашата земја, а се во интерес на туристите. Заедничките патроли ќе бидат долж крајбрежјето но и на најфреквентните патни правци“, изјави Димитраќ Зиу, директор на Одделот за јавен ред и безбедност при албанската државна полиција.

За реализација на овој план, двете страни ќе потпишат официјални договори за соработка со важност во текот на целата летна сезона.

Покрај странските полициски сили, на патиштата ќе биде поставена и најсовремена опрема за мониторинг.

„Во текот на туристичката сезона, радарите и најсовремената технологија ќе бидат на патиштата за да го следат движењето и сообраќајот на возилата, за да се спречат прекршувања на сообраќајните правила и прописи. Од брегот до главните национални оски, структурите на Државната полиција и нивните колеги од соседните земји, ќе бидат во состојба на готовност во текот на летната сезона за да обезбедат ред и да спречат инциденти“, посочи Зиу.

Паралелно со меѓународните сили, на терен ќе бидат мобилизирани и најмалку 1.600 албански полицајци од повеќе структури.

„Државната полиција презеде план мерки за непречено одвивање на туристичката сезона, каде што на терен ќе бидат распоредени 1.600 полицајци. Овие полицајци се од специјалната единица „Шќипоња“, сообраќајната полиција, оперативните сили и Националните безбедносни сили“, изјави тој.

Во подрачјата кои се мапирани како попроблематични, предвидено е дополнително зголемување на полициското присуство и отворање привремени полициски станици.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Родителите на починатите од Пулс бараат одговор од Љутков и Лефков за спомен-обележјето за нивните деца
Следна Статија Вишиот управен суд ја врати концесијата за Иловица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

ВИДЕО: Тепачка меѓу студентите и полицијата во Белград

Студенти и граѓани во Белград веќе трет ден ги блокираат зградите на Радио-телевизија Србија (РТС) на улицата Таковска и Кошутњак.…

April 16, 2025
БАЛКАН

(Видео) Вучиќ: Насилството е израз на целосна немоќ, ќе го зачуваме мирот и ќе ги казниме насилниците

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Инстаграм објави видео по насилните протести во неколку градови во Србија. „Вечерва малку…

August 17, 2025
БАЛКАН

Нова трагедија во Србија: Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за стари лица во Белград (ВИДЕО)

Шест лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава околу 4 часот и 30 минути избувна во дом…

January 20, 2025
БАЛКАН

Додик: Со тага и неверување ја примив веста дека е откажан Самитот за Западен Балкан

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека е шокиран од информацијата за откажување на Самитот на лидерите на…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?