Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вишиот управен суд ја врати концесијата за Иловица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вишиот управен суд ја врати концесијата за Иловица
ЕКОНОМИЈА

Вишиот управен суд ја врати концесијата за Иловица

Објавено June 23, 2026 17:22
Сподели
Сподели

Владата на денешната седница беше информирана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за донесена пресуда на Вишиот управен суд, со која се поништува одлуката за престанок на важење на одлуката за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово и Општина Ново Село. Станува збор за конечна судска одлука која Владата, како институција што го почитува владеењето на правото, е должна да ја почитува, инфомираат од Владата.

-Истовремено, сакаме транспарентно и отворено да ја информираме јавноста дека ова прашање не е резултат на одлуки донесени од актуелната Влада, туку претставува наследена правна состојба која произлегува од одлуките за спојување на концесиите донесени во јуни 2023 година, како и од последователните одлуки за нивен престанок донесени само еден месец подоцна, во јули 2023 година, по што е покрената судска постапка пред надлежните судови, велат од Владата.

Денешната состојба е резултат на завршување на таа постапка со конечна пресуда на Вишиот управен суд.

-Свесни сме дека кај дел од граѓаните, локалното население и граѓанските организации постојат оправдани прашања и загрижености поврзани со овој проект. Токму затоа Владата ќе продолжи целосно транспарентно да ги разгледува сите релевантни факти, стручни мислења и аргументи, во рамки на законските процедури и институционалните надлежности. Наш приоритет останува создавање услови за економски раст, нови инвестиции и отворање работни места, но тоа никогаш нема да биде на сметка на здравјето на граѓаните, природните ресурси и животната средина. Заштитата на јавниот интерес, почитувањето на највисоките еколошки стандарди и целосната законитост на постапките остануваат принципи од кои Владата нема да отстапи, информираат од Владата.

Секое понатамошно постапување во однос на овој предмет ќе се одвива исклучиво врз основа на стручни анализи, законски процедури и институционален надзор, со целосна информираност на јавноста.

-Владата ќе продолжи одговорно, транспарентно и во согласност со законите да носи одлуки кои ги штитат интересите на граѓаните, обезбедуваат правна сигурност и создаваат услови за одржлив развој на државата, велат во владиното соопштение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицајци од Македонија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона
Следна Статија Тренчевска: За две години ВМРО има нула резултати во економијата и животниот стандард

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам по празниците банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите

Средствата од унгарскиот кредит се обезбедени, процесот е во финална фаза и веќе во јануари ќе можеме тоа да го…

December 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час ипол

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николсоки заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД…

November 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Стапија на сила нови правила за одобрување возила

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото,…

September 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Врвни шумно-изолирачки слушалки на Amazon сега достапни по невероватна цена

Квалитетен звук со длабок и моќен бас по достапна цена

February 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?