Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП: Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал

Објавено October 28, 2025 19:35
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи ја информира дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночниот долг за третиот квартал од 2025 година, сè уште постојат даночни обврзници кои не ги исполниле своите законски обврски. Според евиденцијата на УЈП, остануваат неподнесени 2.209 тримесечни и 146 месечни пријави, како и 7.436 тримесечни и 1.270 месечни даночни обврзници кои не го извршиле плаќањето на пријавениот даночен долг.

Посочуваат дека редовноста во исполнувањето на обврските е знак на одговорност и доверба, вредности што заеднички го градат системот во кој сите учествуваме и веруваме. Управата за јавни приходи веќе доставила персонализирани известувања до сите обврзници со пријавен, а ненаплатен долг за соодветниот даночен период.

-Во тек е спроведување на активности и мерки во координација со сметководителите и обврзниците, со цел да се избегнат блокади на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата. Важно е да се внимава на роковите, бидејќи за секој ден на задоцнување се пресметува камата во износ од 0,03% од преостанатиот долг, како и изрекување на дополнителни глоби. Оттука, потсетуваме на обврската за точно, целосно и навремено плаќање на поднесените ДДВ-04 пријави. По доставата на опомените, Управата ќе пристапи кон присилна наплата кај сите обврзници кои нема да го подмират долгот доброволно, информираат од УЈП.

УЈП апелира до сите засегнати обврзници да постапат одговорно и навремено, со цел да се обезбеди стабилна даночна историја и да се избегнат непотребни последици.

За дополнителна помош и поддршка, даночните обврзници и сметководителите можат да се обратат преку е-пошта на info@ujp.gov.mk или телефонски на 0800 33 000 (од фиксен) и 02 3253 200 (од мобилен)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР: Неколку училишта во Скопје и Куманово попладнево добиле дојави за поставени бомби
Следна Статија (ВИДЕО) Ураганот „Мелиса“ стигна до Јамајка, ветрови со јачина до 300 километри на час

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство официјално ја започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”, која има за цел…

July 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Не е сериозен предлогот на СДСМ за укинување на 5% ДДВ за 250 производи

Во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски се осврна на актуелните мерки за есенската потрошувачка…

November 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска – Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка остварија средба со директорката на Управата за јавни приходи, Елена…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?