Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Полициска акција против трговците со сомнителен мазут, разоткриена мрежа на увозници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Полициска акција против трговците со сомнителен мазут, разоткриена мрежа на увозници
МАКЕДОНИЈА

Полициска акција против трговците со сомнителен мазут, разоткриена мрежа на увозници

Објавено March 10, 2025 17:52
Сподели
Сподели

Полицијата започна координирана акција против компании и поединци инволвирани во набавка и продажба на сомнителен мазут што претставува сериозна закана за здравјето на граѓаните и животната средина, дознава од извори во МВР, порталот МКД.мк

Според информациите, акцијата е иницирана од Бирото за јавна безбедност во соработка со останатите надлежни институции. Целта е да се открие и санкционира нелегалната трговија со горива со сомнително потекло, кои содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали и други штетни соединенија што директно придонесуваат за загадувањето на воздухот и почвата.

„Станува збор за разоткриена мрежа на увозници кои противзаконски испорачувале гориво со низок квалитет. Овие горива се сериозен ризик за здравјето на граѓаните и една од главните причини за зголеменото аерозагадување,“ велат полициски извори.

Истите извори наведуваат дека во истрагата се опфатени лица кои и претходно биле споменувани во контексти на економски криминал, но досега биле заштитени од одредени центри на моќ.

Според нашите сознанија, преку фиктивни договори за позајмици и посреднички услуги, нелегално се испумпани околу 10 милијарди денари. Ова претставува еден од најголемите корупциски скандали поврзани со енергетскиот сектор.

Загадувањето поврзано со овие горива веќе има алармантни последици, а според извештаите на повеќе институции, секоја година неколку илјади граѓани прерано го губат животот поради лошиот квалитет на воздухот. Исто така, загадувањето се смета за еден од факторите што придонесуваат за иселувањето на населението.

Акцијата продолжува и во наредните денови, а против сите инволвирани ќе следуваат соодветни законски мерки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џемали Саити в.д. претседател на Врховен суд
Следна Статија Уапсен Ратко Капушевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поголем дел од Скопје утрово остана без вода

Поголем дел од Скопје денеска е без вода поради најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод. Надлежните уверуваат…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Уапсен Ратко Капушевски

Попладнево е уапсен бизнисменот и поранешен директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски“, објавија повеќе медиуми. Според неофицијални информации,…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протест на „Кој е следен?“: Повикуваме на будење и промени за подобри денови

Иницијативата „Кој е следен?“ денес одржа протест со мотото „Системот заборава, но ние не забораваме“ на кој повикаа на будење…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос на 40 минути ќе се намали времето на патување од Ресен до грчка Преспа

Од околу два часа колку што е сега потребно да се стигне од Ресен до грчката општина Преспа, со новиот…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?