Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Полицијата со нова „алатка“ за ловење на дрогирани возачи: Ќе ги тестира за 10 минути преку тест со плунка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Полицијата со нова „алатка“ за ловење на дрогирани возачи: Ќе ги тестира за 10 минути преку тест со плунка
МАКЕДОНИЈА

Полицијата со нова „алатка“ за ловење на дрогирани возачи: Ќе ги тестира за 10 минути преку тест со плунка

Објавено August 23, 2025 09:57
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи наскоро ќе ја засили контролата на учесниците во сообраќајот со набавка на нова генерација брзи тестови за дрога преку плунка, дознава порталот 4NEWS.mk.

Како што пренесува порталот, станува збор за брзи имунохроматографски тестови, специјално наменети за употреба од овластени службени лица без потреба од медицинско предзнаење. Тестовите се едноставни за употреба и овозможуваат земање примерок за помалку од една минута, со неинвазивен метод – преку орален брис или апликатор. Резултатите се видливи за максимум 10 минути, без употреба на дополнителна електронска опрема.

Според техничките спецификации, новите тестови ќе овозможат детекција на шест видови психоактивни супстанции: тетрахидроканабинол (THC), кокаин, амфетамин и метамфетамин, опијати како морфин и хероин, екстази (MDMA) и бензодиазепини.

Овие тестови се произведени во согласност со европските стандарди, имаат CE сертификација за ин витро дијагностика и ISO 13485 сертификат за квалитет на медицински уреди. Дополнително, потврдено е нивното користење во полициски и други институции за спроведување на законот.

Министерството бара тестовите да имаат рок на траење од најмалку 12 месеци, да бидат индивидуално пакувани и јасно означени со рок на употреба, серија и производител. Добавувачот, доколку е потребно, ќе обезбеди и бесплатна обука за полициските службеници за правилна примена и читање на резултатите.

Испораката на тестовите се очекува најдоцна 30 дена по потпишувањето на договорот, а документацијата и упатствата ќе бидат достапни и на македонски јазик.

Со оваа набавка, МВР ќе има на располагање современи и сигурни средства за проверка на возачите, со што значително ќе се придонесе кон зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петмина загинати, меѓу кои и дете, во автобуска несреќа на автопат кај Нијагарините водопади (ВИДЕО)
Следна Статија Хаос во врвот на американската војска: Генерал и шеф на разузнавањето „отпуштени“ поради откривање на вистината за бомбардирањето на Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром ќе ги зголеми капацитетот и квалитетот на патувањата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, истакнувајќи дека станува збор за…

March 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по повод Денот на полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција

Премиерот Христијан Мицкоски, на 7 мај, Денот на македонската полиција, порача дека задача на Владата е правдата мора да дојде…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во следните денови посвежо време со пороен дожд и грмежи

Времето во следните денови ќе биде посвежи и променливо облачно со повремен локален дожд, соопштуваат од УХМР. Утре и во…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одбележан 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес во Влада присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, заедно со…

December 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?