Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Полска постави свој услов за Украинците: Додека го слават Степан Бандера не може во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Полска постави свој услов за Украинците: Додека го слават Степан Бандера не може во ЕУ
СВЕТ

Полска постави свој услов за Украинците: Додека го слават Степан Бандера не може во ЕУ

Објавено June 30, 2026 21:16
Сподели
Сподели

Полска постави услов за Украина – прашањето на Бандера мора да се реши пред ЕУ членство. Полскиот министер за национална одбрана Владислав Косњиак -Камиш рече дека Варшава самата ќе реши дали да го поддржи влезот на Украина во ЕУ, велејќи дека никој немаправо да и диктира на Полска што да прави со својот глас. Прашан дали Украина може да влезе во ЕУ додека Степан Бандера останува една од централните фигури во нивното историско наследство, министерот изјави дека Киев мора да ги исполни сите услови за влез во ЕУ, вклучително и оние од историската меморија..

-Една земја кандидат не може да ја гради својата политика околу спомен на лик и настани кои предизвикуваат болка и провоцираат приговори од нивните ЕУ партнери, потенцира министерот.

Степан Бандера (1909–1959) е радикален украински националист, политички лидер и една од најконтроверзните личности во современата историја на Источна Европа. Тој го предводел милитантното крило на Организацијата на украинските националисти (ОУН-Б). Неговиот историски континуитет предизвикува длабоки поделби, каде за едни претставува симбол на борбата за независност, а за други соработник на нацизмот и фашизмот.

Ослободен по падот на Полска, неговата фракција ОУН-Б соработувала тактички со нацистичка Германија со цел да се создаде независна украинска држава. Во јуни 1941 година, неговото движење прогласило независна Украина, по што Германците веднаш го уапсиле и го затвориле во концентрациониот логор Заксенхаузен.

И полската европратеничка Ева Зајачковска-Герник ја критикуваше украинскиот претседател Зеленски и ја повика полската влада и народ да се обединат во светло на новите тензии помеѓу двете земји поради историското наследство на Степан Бандера и Украинската бунтовничка армија.

Полската пратеничка во Европскиот парламент, Ева Зајачковска-Герник, ги повика граѓаните на Полска да се обединат по повод новиот спор со Киев поради односот на украинските власти кон наследството на Степан Бандера и Украинската бунтовничка армија.

На социјалната мрежа Икс, таа оцени дека полската влада не реагира доволно решително на потезите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кои ги опиша како навредливи за Полска.

„Зеленски ни плука во лице, а владата на Туск се преправа дека врне. Кога станува збор за честа и достоинството на Варшава, сите мора да претставиме обединет фронт“, напиша Зајачковска-Герник.

Полската европратеничка изјави дека постапките на властите во Варшава дополнително ги продлабочуваат поделбите во полското општество, наместо да ги зближуваат граѓаните околу прашања што се сметаат за историски и национално чувствителни во Полска. Таа рече дека Полјаците не смеат да си дозволат да бидат поделени во време кога, како што оцени, се доведува во прашање достоинството на државата.

Претходно, полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш предупреди дека Украина може да има сериозни проблеми на патот кон Европската Унија ако се обиде да се интегрира „под знамето на Бандера“.

Тој истакна дека европската соработка не може да се гради врз почит кон личностите и движењата што се поврзани со едно од најтешките поглавја од националната историја за Полска.

Иако самиот Бандера бил затворен, милитантното крило (УПА) под водство на неговите соработници извршило масовни етнички чистења и масакри врз десетици илјади полски цивили во регионите Волинија и Источна Галиција, како и учество во холокаустот врз Евреите.

По војната живеел во егзил во Западна Германија. Во 1959 година во Минхен бил убиен од страна на агентот на советската тајна служба (КГБ), Богдан Сташински.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски е новиот министер за здравство, Перински застанува на чело на ФЗО
Следна Статија Вицепремиерот Николоски на поставување камен-темелник на „Лидл“ во Струмица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се забранува влез на државјани од 12 земји, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи…

June 5, 2025
СВЕТ

Британците планираат атентат:Поранешен шпион на КГБ му порачува на Путин да не оди во Будимпешта

Рускиот претедател Владимир Путин доби драматично предупредување за наводен „британски заговор за атентат“ што го очекува доколку отпатува во Унгарија…

October 21, 2025
СВЕТ

Почина припадничката на Националната гарда која беше застрелана од авганистански имигрант во близина на Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека почина Сара Бекстром, припадничка на Националаната гарда, која беше застрелана во близина на…

November 28, 2025
СВЕТ

Северна Кореја ја прогласи Јужна Кореја за непријателска земја: комуникацијата е прекината, патните и железничките врски се целосно блокирани

Северна Кореја ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава“ и потврди дека ја прекинала комуникацијата со таа земја, објави утринава…

October 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?