Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поништен тендерот за јакни и редовни униформи на МВР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поништен тендерот за јакни и редовни униформи на МВР
МАКЕДОНИЈА

Поништен тендерот за јакни и редовни униформи на МВР

Објавено February 9, 2026 13:07
Сподели
Сподели

Поништен е тендерот за нови униформи за полицијата, објави „360 степени“. Причината според медиумот е тоа што компанијата чија понуда била избрана за „јакна“ и за „теренска униформа“ за редовната полиција, самата по себе немала доволен број вработени и затоа приложила техничка поддршка од фирма од Србија.

Причината за поништувањето е тоа што во тендерската документација, меѓу другите критериуми, МВР барало понудувачите да имаат сопствен технички капацитет и минимум број на вработени 50 лица за производство на јакни, но и 100 лица за теренската униформа. „Мега Спорт“ во својата понуда навеле дека го исполнуваат овој услов, но не самостојно, туку преку т.н. техничка поддршка од српската компанија „Лус Текстил“.

Но, според Комисијата за жалби по јавни набавки, во таков случај српската фирма требало да биде пријавена како подизведувач, што не било сторено.

Најдобрата понуда за јакна и за теренска униформа која е поништена е во вредност од 6.1 милиони евра.

Огласот за јавна набавка кој го објави МВР имаше четири дела – јакна, теренска униформа, чизми и чевли.

Државната комисија за жалби по јавни набавки донесе решение со кое ја усвои жалбата на „Микеи интернационал“ и го поништи изборот на МВР во деловите – теренска униформа и виндјакна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Петрушевски: Заев и Филипче се фатени живи во бизнисот со марихуана – Јавното обвинителство мора да истражи
Следна Статија Гаши порача пратениците како знаат и умеат утре да дојдат на работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Синдикалката ја оставиле пред врата со клучалка наместо да присуствува на интервју за вработувања во контролата на летање и М-НАВ

Директорите на Македонска навигација (М-НАВ) не ја пуштиле контролорката на летање, делегирана од Синдикатот на контролори на летање, да присуствува…

August 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители ја констатира оставката на обвинителката Ленче Ристоска

Советот на јавните обвинители на денешната седница го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во…

April 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

ТЕЛЕГРАМА ДО СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ: Сите пријавени за семејно насилство да се повикаат во станица

Сите полицајци во државата ќе добијат телеграма со јасни насоки како да постапуваат при сомнежи за семејно насилство, најави министерот…

March 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кос: Земјите што не ги исполнуваат своите обврски заостануваат во преговорите со ЕУ

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, порача дека Македонија има историска можност да напредува на патот кон Европската Унија, но нагласи…

July 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?