Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коњановски: Битола во моментов е едно големо градилиште, заедно со локалната самоуправа насочени сме кон завршување на проектите во Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коњановски: Битола во моментов е едно големо градилиште, заедно со локалната самоуправа насочени сме кон завршување на проектите во Битола
МАКЕДОНИЈА

Коњановски: Битола во моментов е едно големо градилиште, заедно со локалната самоуправа насочени сме кон завршување на проектите во Битола

Објавено December 28, 2024 21:30
Сподели
Сподели

Годинава го изгласавме досега историски најголемиот буџет од 2 милијарди 760 милиони денари вкупниот буџет или оперативниот дел е 1 милијарда 330 милиони, истакна градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски во вечерашното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител во „Тема на денот“.

Коњановски укажа дека потребна им е дополнителна инјекција од страна на централната власт.

„Потребна е дополнителна инјекција, макар да општина Битола со средствата кои сама ги собираше работеше и дотогаш функционално, ова значи многу посебно во инфраструктурата да се направи нешто позначајно имајќи го во предвид дека најголемиот дел од овие средства ќе се искористат во делот на инфраструктурата. Добивме пари за 16 проекти со кои аплициравме, тие поминуваат низ министерствата и владина проверка. Најголем дел од нив 13 се за инфраструктура, патишта и улици. 2 проекти се во делот на спортот, реконструкција и обнова на боксерска сала во Битола и јужната трибина на стадионот Петар Милошевски што би се дооформила таа целина. Имаме и реконструкција, изведба на фасада на училиштето Стив Наумов во Битола“, вели Коњановски.

Коњановски потенцираше дека заедно со локалната самоуправа се насочени кон завршување на проектите во Битола.

„Јас и локалната самоуправа насочени сме кон завршување на тие проекти. Битола е едно големо градилиште во моментов и јас се заблагодарувам и на граѓаните зошто им направивме мали непријатности затоа што улиците се во фаза на реконструкција, некој работи гледаме да ги завршиме пред нова година. Топлификацијата е во завршна фаза, прв пат Битола после 7 години застој се надевам дека тој проект ќе заживее“, заклучи Коњановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведен 72-годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка
Следна Статија Гаспром ја прекинува испораката на гас за Молдавија: „Ќе останеме без струја и греење“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Од ЈО не протекуваат информации до криминалци за истраги кои се водат против нив

Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, нема информација каде е поранешниот вицепремиер, Артан Груби, но во тек е истрага. Во интервју за…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Амбасадата на САД во Скопје го симна знамето на половина копје

Американската амбасада во Скопје, го симна знамето на половина копје, во знак на сочувство за трагедијата во Кочани. „Кочани“, стои…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

8000 кавадарчани биле во мрежата на „Конти“, 4000 „изгореле“

Нискиот стандард, големата желба за заработка без труд, лакомоста и алчноста се само некои од причините што ги навлекоа кавадарчани…

October 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кај 70 до 80% од објектите воочени огромни неправилности

Кај 70-80 отсто од угостителските објекти имало огромни неправилности. Владата крои акциски план за да прогласи мораториум за да се…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?