Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поништувањето на изборот на Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена, информираат од Уставен суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поништувањето на изборот на Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена, информираат од Уставен суд
МАКЕДОНИЈА

Поништувањето на изборот на Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена, информираат од Уставен суд

Објавено May 19, 2025 18:16
Сподели
Сподели

Уставниот суд нема ја коментира пресудата на Управниот суд за поништување на изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, но истакнува дека постапувањето на Судскиот совет, Собранието и управните судови довело до создавање правен преседан со кој досега ниту еден состав на Судот не се соочил. Оттаму велат дека нема да ги преиспитуваат по службена должност одлуките во кои учествувал судијата опфатен со пресудата.

Овој преседан, според Судот, има значајни правни импликации врз неговото понатамошно постапување.

  • Уставниот суд денеска го прими дописот од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија со кој е доставена Пресудата У-5 бр.380/2025 од 15.05.2025 година на Управниот суд на Република Северна Македонија. Уставниот суд не ја коментира Пресудата на Управниот суд. Постапувањето на сите инволвирани органи како што се Судскиот совет, Собранието и управните судови во овој случај, предизвикаа правен преседан кој создаде правна состојба со која ниту еден досегашен состав на Уставниот суд се нема соочено. Таквиот правен преседан несомнено создава правни импликации во постапувањето на Уставниот суд во согласност со неговите надлежности, стои во соопштението од Уставен.

Се додава дека поради новонастанатата ситуација, Судот донел одлука да ја одложи подготвителната седница за предметот поврзан со Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни 2025 година, од причина што судијката е известител на овој предмет, а дополнително, Судот има донесено Заклучок според кој постапувањето по овој предмет треба да биде во полн состав на Судот.

Уставниот суд, воедно потсетува дека, согласно член 112 став 2 од Уставот, неговите одлуки се конечни и извршни, и нема да ги преиспитува по службена должност одлуките во кои учествувал судијата опфатен со пресудата на Управниот суд.

Неправилно спроведена постапка за избор при која Судскиот совет не ги разгледал сите кандидати подеднакво и не ги почитувал критериумите од Законот за судски совет е причината поради која Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд.

Според пресудата, во конкретниот случај, Судскиот совет донел одлука за избор на судија на Уставниот суд без целосно разгледување на сите предложени кандидати.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајден починат маж во Велес, телото предадено на обдукција
Следна Статија Работна посета на министерот Муцунски на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Апсурд во македонското судство: За недоспеан долг судијката Бисера Стефковска Митиќ замрзна имот на компанија од 1, 5 милион евра

За недовербата или довербата во македонското судство која е едвај два проценти говори и случајот за недоспаен долг од близу…

March 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба

Истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ продолжи со нови претреси за обезбедување докази и распити на лица, а дејствија ќе…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митровденска задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови во годината –…

November 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Во фаза на имплементација е „паметен зелен бран“ на скопските булевари

Нема човек кој управува моторно возило во Скопје и кој не ги гледа придобивките од системот Безбеден град. Го нема…

February 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?