Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
Blog

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја

Објавено December 22, 2025 11:45
Сподели
Сподели

Попладнево од 18 часот по грчко време (17 часот по македонско) граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, ќе бидат затворени на четири односно шест часа, поради блокадите на грчките земјоделци, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА во периодот меѓу 18 и 22 часот по грчко време, како и во изминатите денови така и денеска, граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, повторно ќе биде затворен за сообраќај за сите возила, со исклучок на итни случаи.

На преминот Ники (Меџитлија) сообраќајот шест часа ќе биде во прекин за товарни возила почнувајќи од 18 часот по локално време, додека за автомобилите блокадата ќе трае два часа од 20 до 22 часот, исто така по локално време.

Блокади има и на другите гранични премини, на Промахонас и Ексохи кон Бугарија, но само за камиони, додека пак на Кипи кон Турција денеска ќе биде отворен преминот.

Низ цела Грција, остануваат блокадите на земјоделците поставени на 30 ноември, кои велат дека ќе останат на улица сè додека не бидат исполнети нивните барања, а нема да се повлечат ниту за празниците.

Сепак, се очекува, како за Божик, така и за Нова година, почнувајќи од утре да ги олабават блокадите за да можат граѓаните непречено да стигнат до нивните планирани дестинации за време на празниците, но без при тоа да ги повлечат сите паркирани трактори од автопатите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анита Топалов –Исајловска е в.д Државен јавен обвинител
Следна Статија Фрчкоски: ВМРО-ДПМНЕ врши дефокус за да ги прикрие „мигрантите за пари“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Мицкоски: Големата доверба од граѓаните значи дополнителна мотивација за работа

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денес во одговор на новинарско прашање во врска со анкетите, каде според бројките ВМРО-ДПМНЕ има…

March 28, 2026
Blog

Јанки разгледуваат можности за зајакнување на тимот со слободни агенти

Тимот ги истражува потенцијалните зајакнувања со клучни играчи во престојната сезона

November 23, 2025
Blog

Овие четири европски земји имаат подобри плати од САД

Граѓаните на земјите-членки на ЕУ како што се Швајцарија, Исланд, Норвешка, Белгија, Германија, Финска, Ирска и Франција имаат повисоки приходи…

December 15, 2024
Blog

Маск напиша за Слим дека е поврзан со нарко картелите, па изгуби бизнис вреден 7 милијарди долари

Во последните неколку недели, односите меѓу Илон Маск, сопственик на SpaceX и Tesla и шеф на Одделот за владина ефикасност…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?