Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анита Топалов –Исајловска е в.д Државен јавен обвинител
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Анита Топалов –Исајловска е в.д Државен јавен обвинител
МАКЕДОНИЈА

Анита Топалов –Исајловска е в.д Државен јавен обвинител

Објавено December 22, 2025 13:04
Сподели
Сподели

Републичката јавна обвинителка Анита Топалов –Исајловска е избрана за вршител на должноста на местото на Љупчо Коцевски се додека не се избере нов, на јавен конкурс. Така одлучија едногласно членовите на Советот на јавните обвинители на денешната седница закажана за избор, а по оставката на државниот обвинител минатата недела.

Анита Тополова-Исајловска првпат е избрана за обвинителка во 2009 година, во 2013 влегува во Вишото обвинителство, а по три години е унапредена во републичка обвинителка и заменичка на тогашниот државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Таа е сопруга на екс заменик-министерот за надворешни работи, Илија Исајловски.

Дополнително јавноста ја познава по нејзиното Барање за заштита на законитоста до Врховниот суд за укинување на решението со кое се одобрува обвинението во случајот „Талир“ на поранешното СЈО за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, објави тогаш Бирн.

Во нејзиното барање до Врховниот суд се спореше дека СЈО е овластен тужител, бидејќи обвинението за „Талир“ било поднесено во ноември 2018 година, а рокот што тимот на Катица Јанева го имале за поднесување обвиненија од 18 месеци, истекол на 30 јуни 2017 година.

Топалова-Исајловска ќе биде на функцијата в.д се додека не се избере нов државне обвинител, а не повеќе од половина година

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Комеморација за актерот Лазе Манасковски на 24 декември во Драмски театар Скопје
Следна Статија Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски на средба со УПОЗ и КСС

Премиерот Христијан Мицкоски попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16.45 часот, а доаѓа откако…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Крис Павловски: Македонија може да биде Швајцарија на Балканот, фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет

Има многу можности за инвестирање во Македонија, земјата може да биде Швајцарија на Балканот. Фокусирајте се на енергија, на вештачка…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Ми ги следат децата“: Претседателот на ССМ ги обвини власта и пратеничката Дафина Стојаноска за големи злоупотреби

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска обвини дека е следен тој лично, а што е најлошо,…

February 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во Штипско пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Денеска, рано наутро е пронајдено тело на возрасна жена во близина на Липов Дол, штипско, јавува М Нет-ТВ. Телото инаку…

October 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?