Времето низ Македонија денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а некаде ќе има и ретки грмежи.
Особено нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во источниот и југоисточниот дел од земјата.
Температурите утрово се движат од 13 степени во Пожаране до 18 степени во Гевгелија. Тоа беа температури измерени во 6 часот утрово.
Најмногу дожв во изминатото деноноќие наврна во Пожаране, 65 литри на метар квадратен. После тоа следуваат Лазарополе, Маврово, Дебар, Попова Шапка.