Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче сака референдум за Бугари во Устав, се надева на реприза од 2018 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче сака референдум за Бугари во Устав, се надева на реприза од 2018 година
МАКЕДОНИЈА

Филипче сака референдум за Бугари во Устав, се надева на реприза од 2018 година

Објавено May 28, 2026 08:54
Сподели
Сподели

„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција“. Вака гласеше референдумското прашање на референдумот за промена на името кој дојде како последица од Договорот од Преспа од 2018 година.

Тогаш владејачката СДСМ тврдеше дека тоа е референдум со кој граѓаните се одлучуваат дали се за членство во ЕУ и НАТО. Рефендумот кој се одржа 30 септември пред осум години беше неуспешен бидејќи не излегоа половина од запишаниот број гласачи во Избирачкиот список, одосно на гласање излегоа само 36.91 посто гласачи.

Дека референдумот е неуспешен официјално го прогласи Државната изборна комисија. Но, тоа не му пречеше на тогашниот премиер Заев во чија влада беше и сегашниот лидер на СДСМ да почне процедура во Собранието за промена на името која му успеа. СДСМ тогаш се вадеше со изговор дека тоа било консултативен референдум а не задолжителен.

Се до вчера кога Венко Филипче побара нов референдум за ЕУ. За нешто што македонските граѓани веќе се изјаснија. Сега Филипче бара ново гласање за да ги внесе Бугарите во Устав и да се отворат преговорите со Унијата. А сите се сеќаваме на позната слика од авиончето кога тогашната „екипа“ го прослави почетокот на преговорите.

Филипче сака македонските граѓани пак да бидат излажани. Тоа време помина. Ако толку е убеден дека граѓаните сакаат референдум нека го побара со 20 пратеници во Собранието или со 150.000 потписи. Но не, Венко сака власта да го распише, а власта не го бара туку тој за да и се додвори на Радев и Бугарија.

Во СДСМ дефинитивно не знаат кај тераат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Aвтомобилот се превртел на кров: Три девојки повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес
Следна Статија РК Вардар ја прослави титулата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

По вчерашната серија, ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Уште еден земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во 00 часот и 48 минути…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Родителите на загинатите во Кочани имаат право да бараат, а инстиуциите се должни да дадат одговори

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со обвинувањата на родителите на загинатите во…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија ги исполнува реформските процеси и ја развива регионалната соработка: Вицепремиерот Николоски на средба со Медлин Нокс

Македонија ги исполнува реформските процеси и дава сериозен придонес кон регионалниот развој, потенцираше вицепремиерот Александар Николоски на средбата со Медлин…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ден на Европа – оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“

На 9 Мај Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик на она што доведе до…

May 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?