Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, Унија на млади сили“ гостуваше пратеникот и претседателот на Унија на млади сили, Сергеј Попов, кој дискутираше за младите, демократијата и нивниот глас.
На самиот почеток Попов дискутираше за владеењето на СДС кое ги довело младите до тотална апатија и отпор спрема државата, и дека работите сега континуирано се подобруваат, младите се вклучуваат и комуницираат со државата и институциите.
„За разлика од пред една година кога младите беа навистина во една тотална и сеопшта апатија, кога што и да се случеше во нашата држава, било најлошо било можеби и нешто позитивно тоа едноставно им поминуваше на младите под радар, бидејќи самите тие имаа отпор да восприемаат било што, што доаѓаше од страна на државата, сега би рекол дека имаме подобрување, младите повеќе се вклучуваат, младите разговараат со државата, со институциите“, рече Попов.