Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поради лоша организација: 12 грчки плажи останаа без синото знаме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Поради лоша организација: 12 грчки плажи останаа без синото знаме
БАЛКАН

Поради лоша организација: 12 грчки плажи останаа без синото знаме

Објавено July 31, 2025 09:38
Сподели
Сподели

Дванаесет грчки плажи останаа без наградата за квалитет „Сино знаме“ и се повлечени од меѓународната листа за 2025 година, поради лошата организација, додека пак квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкото друштво за заштита на природата соопшти дека без „Сино знаме“ останаа пет плажи на островот Скијатос, четири плажи во општина Нафплио на Пелопонез и по една плажа во Парга, Комотини и на островот Крит.

Одлуката е по извршените ненајавени посети, а на конкретните плажи биле откриени недостатоци во задолжителните критериумите што се однесуваат на обезбедување услуги за капачите и посетителите (вклучувајќи ги и лицата со попреченост), безбедност на капачите/посетителите и правилно информирање.

Крајниот рок за исполнување на критериумите бил 1 јули, по што членовите на надлежните комисии на програмата одлучиле, како што е предвидено, да ги повлечат наградите со цел да се зачува престижот и кредибилитетот на институцијата.

Нагласуваме дека повлекувањето на конкретните плажи од листата се должи на лоша организација и дека квалитетот на водите за капење останува одличен, според стандардите на програмата – соопштија од организацијата која управува со меѓународната програма „Сино знаме“.

Оттаму додадоа дека ќе продолжат со контролите на сите наградени плажи во земјата, кои, во најголем дел, се прават без претходна најава и доколку се утврдат недостатоци во почитувањето на критериумите на други плажи, ќе следат и други отстранувања на сини знамиња.

Грчкото друштво за заштита на природата во средината на мај годинава соопшти дека наградата ја добиле 623 грчки плажи, 17 марини и 17 туристички јахти со што Грција ја задржа втората позиција меѓу 52 земји од целиот свет по сини знамиња што означуваат квалитет на водата за пливање, заштита на животната средина, организација и безбедност на посетителите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Договор вреден милијарди евра и најава за создавање „глобален шампион“: Индиската „Тата моторс“ го купува „Ивеко“
Следна Статија Професорот Трајковски: Дали можеме да определиме колкав е профитот на газдите во однос на платите на вработените?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Зголемени безбедносни мерки за Вучиќ по инцидент со службеното возило

Специјалната единица „Кобри“, која е задолжена за безбедноста на српскиот претседател Александар Вучиќ, го подигна нивото на заштита на највисоко…

February 9, 2025
БАЛКАН

(ФОТО) Педофил снимал голи деца во Истра, камерите ги сокрил во пенкала

Истарската полиција ја заврши кривична истрага против 67-годишен италијански државјанин кого го сомничат за кривично дело искористување на деца за…

June 29, 2025
БАЛКАН

(Видео) Надојдените реки носат луѓе во БиХ: политичар скокна во водата за да спаси човек

Вистинската драма се одвивала во Тузла кога двајца полицајци и уште едно лице биле однесени од надојдената река, а по…

March 27, 2025
БАЛКАН

Албанија воведува привремена забрана за електрични тротинети

Албанското Министерство за внатрешни работи од денес ќе започне со спроведување на привремена забрана за движење на електрични тротинети низ…

October 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?