Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор
ПОЛИТИКА

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

Објавено June 19, 2026 20:28
Сподели
Сподели

Кривичниот суд попладнево по сослушување на осомничените за проневера во Фудбалската Федерација на Македонија одлучи на три лица да им определи мерка притвор од 30 дена, а на пет лица им е определен куќен притвор. Во 30-дневен притвор одат поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски и уште две лица со иницијали О.М. и Ѓ.Ч.

Куќен притвор им е определен на Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А, а мерки на претпазливост на Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н.

Од Кривичниот суд информираат дека дополнително судот треба да се произнесе за мерките што треба да се донесат за петмината кои се во бегство, односно за определување на мерка притвор за двајца и мерки на претпазливост за три лица.

Во акцијата на Обвинителството за организиран криминал и корупција опфатени се 18 лица од кои 12 се приведени. Од 12-те приведени, Обвинителството бараше притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица. Тие се сомничат за проневера на повеќе од 180 милиони денари во ФФМ.

Како резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ, вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во координација со Управата за финансиска полиција и МВР, извршија претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје, при што од слобода беа лишени 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, а пет лица во моментот се недостапни за органите на прогонот. Муамед Сејдини беше уапсен во април годинава и му беше определен притвор поради основано сомневање дека сторило кривично дело проневера во службата со парични средства поврзани со изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Акцијата е резултат на претходно поднесена кривична пријава против три лица вработени во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), управители, сопственици и овластени лица на правни субјекти, како и против самите правни лица, поради сомнение за сторени повеќе кривични дела и проневера на 2,4 милиони евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Украина ја има втората најсилна армија во НАТО
Следна Статија Нов пораз на македонските одбојкарки во Европската лига

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Курти контра ДУИ: Албанскиот јазик не е под закана во Македонија

Премиерот на Косово, Албин Курти по заедничката меѓувладина седница со македонската и косовската влада, зборуваше за загрозувањето на албанскиот јазик…

November 18, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Нема да дозволам ВМРО да ја руши СДСМ од внатре

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, јасно порача дека ќе го заштити единството на партијата и нема да дозволи ВМРО да…

March 19, 2026
ПОЛИТИКА

Чонески: Да ставиме крај на недомаќинското работење на актуелната локална власт во Крушево

Нико Чонески во вториот круг на локалните избори ќе се бори за градоначалничкото место во Крушево. За градот кој го…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Грозданов и Крстевски одат во втор круг во Кочани

Актуелниот в. д. градоначалник на Кочани и независен кандидат за втор мандат, Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?