Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски: Украина ја има втората најсилна армија во НАТО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски: Украина ја има втората најсилна армија во НАТО
СВЕТ

Зеленски: Украина ја има втората најсилна армија во НАТО

Објавено June 19, 2026 20:18
Сподели
Сподели

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги оцени вооружените сили на својата земја како практично „втора најсилна армија во НАТО“, пренесува ДПА.

Тој изјави пред новинарите дека „на НАТО му требаме ние“, објави украинскиот портал „Хромадске“. Тој додаде дека тоа е веќе факт што го признаваат сите шефови на држави членки на Алијансата.

Според Зеленски, во текот на одбраната од руската инвазија, украинската армија се покажала како повеќе од рамноправен противник на руските вооружени сили, кои во светот нашироко се сметаат за втора најмоќна армија.

Украина не е членка на НАТО, чија најсилна воена сила се САД, потсетува ДПА. Една од јавно објавените воени цели на Москва е да го спречи пристапувањето на Киев кон западната воена алијанса, што е предвидено и во украинскиот Устав. Откако САД се обидоа да посредуваат во војната во Украина, напорите на Киев за членство во НАТО привремено беа ставени во мирување.

Зеленски, исто така, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе остане во Кремљ до својата смрт и дека неговата цел е обновување на Советскиот Сојуз, кој се распадна во 1991 година.

– Без Украина тоа е невозможно и затоа за нас, драги Украинци, е толку тешко – рече тој.

Во меѓувреме, украинските вооружени сили извршија напади врз железнички мостови на Крим, кој е под руска контрола, соопшти Генералштабот на Украина.

Во објавата на Телеграм се наведува дека мостовите во реоните на Роздолне и Владиславивка биле користени од руските сили за воени цели, односно за олеснување на транспортот и снабдувањето. с

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израел го нападна јужен Либан
Следна Статија Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп планира да го затвори Центарот Кенеди за околу две години, почнувајќи во јули

Според предлогот на претседателот Доналд Трамп, затварањето може да започне на 4 јули, со веднаш започнување на градежните работи.

February 3, 2026
СВЕТ

Убиен премиерот на владата на Хутите во Јемен

Премиерот на владата на Хутите во Јемен, Ахмед ал-Рахави е убиен при воздушните напади на Израел, објавија јеменските бунтовници во…

August 30, 2025
СВЕТ

Трагедија во кралското семејство на Луксембург: На 22 години почина принцот Фредерик

Принцот Фредерик од Насау, член на кралското семејство на Луксембург, почина на 22-годишна возраст, објави Дејли мејл. Тој се борел…

March 9, 2025
СВЕТ

Германија пред вонредни избори: Во Бундестагот изгласана недоверба на Шолц

На германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Бундестагот му е изгласана недоверба, откако минатата недела тој поднесе барање за гласање…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?