Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешниот судија Наќе Георгиев излегува од затвор предвреме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поранешниот судија Наќе Георгиев излегува од затвор предвреме
МАКЕДОНИЈА

Поранешниот судија Наќе Георгиев излегува од затвор предвреме

Објавено April 19, 2026 15:43
Сподели
Сподели

Поранешниот судија во Врховниот суд, Наќе Георгиев, кој беше осуден за примање мито, ќе ја напушти затворската ќелија ова лето, откако Апелациониот суд во Скопје му го уважи барањето за условен отпуст. Со оваа одлука, казната му е дополнително скратена, а предметот стана правосилен.

Георгиев, кој првично требаше да остане во затвор до мај 2027 година, ќе одлежи вкупно две години и два месеци. По претходната одлука на Кривичниот суд со која излезот беше предвиден за септември оваа година, Апелација ја преиначи одлуката и му ја скрати казната за уште два месеци.

Како аргументи за прифаќање на жалбата, судот ги зел предвид неговото примерно однесување во затворот, возраста (63 години) и нарушената здравствена состојба.

Во изминатиот период, Георгиев веќе издржуваше дел од казната во олеснет режим, каде преку ден бил работно ангажиран како магационер, а ноќите ги поминувал во установата, користејќи и викенд-отсуства.

Потсетуваме, Наќе Георгиев се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако беше фатен на дело при примање мито од 10.000 евра од синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев. Со спогодбата тој доби тригодишна затворска казна и забрана за вршење на службена должност во траење од три години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: СДСМ е подготвен за избори во секое време
Следна Статија Лажни дојави за бомби во скопските молови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Најстудено утрово во Скопје -2, во текот на денот од 7 до 13 степени

Најниска температура утрово е измерена со во Скопје – Петровец – 2 степени, во Штип, Струмица, Крушево, Маврови Анови –…

November 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури

Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на…

November 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради снимање на филм

Поради снимање на филм на мостот Беласица, денеска од 06.00 до 18.00 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај  во…

October 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?