Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешните градоначалници на Кочани тврдат дека не биле одговорни за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 10 декември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поранешните градоначалници на Кочани тврдат дека не биле одговорни за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 10 декември
МАКЕДОНИЈА

Поранешните градоначалници на Кочани тврдат дека не биле одговорни за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 10 декември

Објавено December 4, 2025 15:45
Сподели
Сподели

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од обвинетите ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како нецелосна и без конкретни докази за индивидуални дејствија. Во судницата беше нагласено дека дел од обвинетите постапувале согласно закон, други имале ограничени задачи, а трети уште пред отворањето на дискотеката реагирале со барања за неиздавање дозвола.

Случајот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, се води под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите и бројни новинари. Судењето продолжува на 10 декември со воведен збор на одбраната на останатите обвинети.

Во воведниот збор денека, одбраната на поранешниот градоначалник Ратко Димитровски денеска истакна дека обвинението претставува преседан во правната практика, особено во делот на утврдување на причинско-последична врска. Според нив, тој не само што немал намера или умисла, туку бил единствениот кој реагирал и поднел барање за неиздавање дозвола за работа на дискотека или кабаре уште пред објектот да започне со работа.

Одбраната на поранешните градоначалници Николчо Илијев и Љупчо Папазов нагласи дека постапката се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти кои директно ги поврзуваат со катастрофата. Бранителите посочија дека нивните клиенти постапувале согласно закон и прописи, дека одговорноста за надзор и регулатива е во надлежност на стручните служби, и дека неправедна осуда би претставувала „втора трагедија“.

Додека, одбраната на обвинетите градежни инспектори во случајот „Пулс“ во воведните говори од денешното судење нагласија дека „причината за трагедијата не е поради градежни пропусти на структурата на објектот“ и дека инспекторите „не можеле да постапат бидејќи немало пријава или наредба за инспекциски надзор“. Сите изразија жалење и сочувство на семејствата на починатите лица.

Одбраната на обвинетите од обезбедувањето оцени дека обвинението е неосновано, без конкретни докази и изградено врз хаотични претпоставки. Адвокатите нагласија дека дел од обвинетите имале ограничени задачи и не можеле да спречат внес на пиротехника, а како клучни причини за трагедијата посочија институционални пропусти и недостиг на надзор.

Преостанува уште воведниот збор од својата одбрана да ја дадат поранешните директори на ДЗС, меѓу кои Шабан Салиу, Аднан Џаферовски, Беким Максути и Џевад Селами, како и генералниот инспектор во ДЗС – Љупчо Грнчиштанов.

Потоа поранешните министри Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши, како и претставници од Министерството за економија меѓу кои Џеваир Камбери, Шефкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи и Размена Чекиќ Дуровиќ.

Воведен збор треба да дадат и пазарните инспектори Миле Ампов, Блашка Евтимова, Весна Кузмановска и Емил Митев.

Преостанува и воведниот збор на обвинетиот Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ чија постапка беше споена со оваа непосредно пред почетокот на судењето.

На минатото рочиште воведни говори даде одбраната на првообвинетиот сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, сопственик на ММММ Кафе, Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и Гроздан Милковски, сопственик на објектот, како и одбраната на обвинетата Милка Едровска, проектант во Венци Проект. Дел од обвинетите во воведните говори, ја оспорија основаноста на обвинението.

Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Разрешувањето на јавниот обвинител Коцевски ќе почне многу наскоро
Следна Статија Трагичен крај: Миле Тодоров пронајден починат, се огласи неговата сестра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, попладнево ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе претставува…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за предлогот на Филипче: Донесоа декларации дека нема да менуваат име и нема да прифаќаат ултиматуми – па прифатија сѐ

Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува со предлогот на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче за донесување на нова декларација…

August 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Попов: Невладеење на правото и корупцијата резултираа со неколку масовни несреќи од кои последната е во Кочани

Редовното годишно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) почна со минута молк во слава на жртвите во…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Партнерот на Дрин Ахмети во „Соравија“ и фирмата „Ѓока“ за паркингот во Клинички под истрага во Албанија

Специјалната антикорупциска структура (СПАК) во Тирана, која е една од најважните и најмоќните институции во Албанија, ја суспендираше од функцијата…

November 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?