Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден
МАКЕДОНИЈА

Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден

Објавено April 19, 2025 09:11
Сподели
Сподели

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско подрачје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
 
Како што соопшти МВР, во периодот од 18 часот во центарот на Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Партизански Одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”, бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски” и ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосницата со ул.„9-ти Мај” до кружната крстосница со ул.„Св. Кирил и Методиј”.
   
На автобусите кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите коишто минуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„М.Т.Гологанов” па преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.

Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори ул.„Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосницата со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.

Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.

По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, истрагата продолжува
Следна Статија Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Доктор Шаини проговори по нападот: Не ја политизирајте случката, нема политичко непријателство

Доктор Зекерија Шаини, кој вчера беше застрелан во фреквентен дел од Куманово, е пуштен од болница и се наоѓа на…

October 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево во повеќе делови од земјава

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа појава на град попладнево зафати повеќе делови од земјава. Како…

June 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Борбата и саможртвата на хероите го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (11.10.2024), беше дел од владината делегација на одбележувањето на 11 Октомври – ден…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ќе жежи и во септември: Пред нас е долго жешко лето со повремени бури, велат професорите од ПМФ

Летниот период (јули-август-септември) се очекува да биде со натпросечни температури, но и со нестабилности со локализирани врнежи. Во јули и…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?