Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар

Објавено January 20, 2026 17:20
Сподели
Сподели

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто.

Согласно одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за два денари за литар. Со тоа, новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 66 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,854 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,987 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,109 отсто, кај дизелот за 5,194, кај екстра лесното масло за 4,462 и кај мазутот зза 3,846 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка, пак, е повисок за 0,2303 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА
Следна Статија На Клиниката во Козле има 70 деца, 10-ина се на кислородна поддршка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во преговори сме со инвеститори за капитален развој за проекти во висина од 5 до 6 милијарди евра, пруги, болници, ски центри

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ вели дека се преговара за инвестирање на 5 до 6…

April 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вработените во Железници излегоа на протест

Машинскиот извршен персонал од денеска од 13 часот стапи во бојкот што значи дека вработените ќе доаѓаат на работа, но…

December 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејзбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка.…

November 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

„Во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри. Инвестиционата вредност за…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?