Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Последниот ручек на Халкидики
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Последниот ручек на Халкидики
МАКЕДОНИЈА

Последниот ручек на Халкидики

Објавено August 10, 2025 22:34
Сподели
Сподели

Со години слушаме дека Заев и Филипче ќе бидат „пример“ за правда. И навистина се пример – како се живее на јахта во Егејот, со шампањ и морска храна, додека државата чека, а правдата ужива во летен одмор.

Со години слушавме како крадат милиони и дека ќе бидат апсени. Илјадници докази, десетици истраги, стотици медиумски наслови – и исто толку политички ветувања дека правдата ќе стигне. Очекувавме спектакуларно апсење… а добивме слики од Халкидики, шампањ, ракчиња и јастози. Очигледно, „примерот“ е како се живее без последици.

Земјата чека „денот на правдата“, тие чекаат да им стигне следната тура ракчиња. Народот слуша за „расчистување со криминалот“, тие расчистуваат чинија со ракчиња.

 

Претпоставуваме дека темата на палубата била тензична и вознемирувачка. Заев сигурно размислува дека ако дојдат по нив, нека биде барем по главното јадење. Филипче дека би било добро да им дадат соба со мени за морска храна, бидејќи не се навикнати на институции без лигњи на скара, а тоа е како шампањ без меурчиња – мртво. Заев се насмевнал и додал дека ќе земат и по едно дијазапамче за смирување, за да не им скокне притисокот во притвор.

Останатото било класика: планови за „долгорочен одмор“, имиња на „добро расположени судии“ и шеги дека ако затворот има поглед на море, можеби и не е така страшно.

Но вистината е проста: во оваа земја, правдата секогаш има предност да го почека летниот одмор на обвинетите. А кога се има многу пари, летото трае цела година. А кога летото трае цела година, судскиот процес се претвора во мит, како сирените на Егејот.

И така, додека јавноста брои денови до „историското апсење“, тие бројат колку шишиња шампањ им останале во фрижидерот на јахтата. Секој нов наслов во медиумите за „сериозни истраги“ се претвора во уште еден повод за наздравување со Dom Pérignon.

Во Македонија, граѓаните се расправаат дали воопшто ќе има правен епилог. Во Егејот, Заев и Филипче се расправаат дали ракчињата биле подобри во Миконос или во Санторини. И додека обвинителството „темелно“ работи, јахтата темелно го обиколува архипелагот, од залив до залив, од Сани Марина до Порто Карас.

На крај, Заев наздравува за слободата, која ако имаш милиони, трае вечно. И за шампањот, кој ако не е добро изладен, им прави голем стрес и нервоза.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓеорѓиевски: Ќе победам во првиот круг, Скопје заслужува генералка, ред и стратегија
Следна Статија Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната, вели Венс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија гласаше против укинување на санкциите кон Куба: Само 7 земји на Обединетите Нации беа „против“, 165 гласаа „за“

Македонија гласаше против Резолуцијата во ООН со која се бара САД да ги укине економските санкции кон Куба. Резолуцијата, насловена како „Потреба од…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митески: Наследивме општина која беше во хаос, сега се градат основни училишта, детска градинка, како и спортски сали

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кој истакна…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема услови за авионска евакуација: Македонците од Израел ќе се спасуваат со брод – се огласи амбасадата

Поради затворање на воздушниот простор и аеродромот во Израел, македонските државјани кои се наоѓаат таму засега не можат да бидат…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти

Министерката за образование и наука Весна Јаневска информира дека работат на законот за студентски стандард и дека студенскиот оброк ќе…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?