Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓеорѓиевски: Ќе победам во првиот круг, Скопје заслужува генералка, ред и стратегија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓеорѓиевски: Ќе победам во првиот круг, Скопје заслужува генералка, ред и стратегија
ПОЛИТИКА

Ѓеорѓиевски: Ќе победам во првиот круг, Скопје заслужува генералка, ред и стратегија

Објавено August 10, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓеорѓиевски, во интервју за МИА најави дека неговата кампања за локалните избори на 19 октомври ќе биде фокусирана на решавање на реалните проблеми на граѓаните, а не на „црни кампањи“.

„Политиката е натпревар на концепти и идеи, а не меѓусебни обвинувања. Граѓаните се презаситени од негативни кампањи и очекуваат конкретни решенија,“ истакна тој, додавајќи дека е оптимист за победа уште во првиот круг, со двојна предност пред останатите кандидати.

Првата негова акција, доколку ја преземе функцијата, ќе биде „генералка“ на градот и решавање на проблемите со јавниот сообраќај. „Скопје последниве години е претворено во голема депонија. Ќе го исчистиме градот и ќе воспоставиме ред,“ вели Ѓеорѓиевски.

Тој најави изборна програма изградена врз пет главни столба – меѓу кои комунална хигиена, чист воздух, подобро водоснабдување, развој на патната инфраструктура и долгорочна стратегија за развој на градот. Програмата, според него, се креира за сите скопјани, без разлика на политичка, верска или национална припадност.

Ѓеорѓиевски смета дека главниот град страда од нефункционални јавни претпријатија и недостиг на стратегија за развој: „Без систем, градот ќе зависи од личноста на градоначалникот, а тоа не смее да биде така. Потребна е визија за 5, 10 или 20 години напред.“

Во однос на своите постигнувања во Кисела Вода, ги издвојува изградбата и доградбата на 10 објекти за детска грижа, изградба на ново училиште во Драчево, поставување фотоволтаици во сите училишта, повеќе паркови, спортски терени, 70 километри асфалтирани улици и реконструкцијата на салата „Расадник“.

„Верувам во поддршката на граѓаните, затоа што и во Кисела Вода ја оправдав довербата со над 90% реализација на проектите,“ заклучува Ѓеорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Газа може да стане Виетнам за Израел, расте светската осуда
Следна Статија Последниот ручек на Халкидики

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Нетпрес: „Неподмитливите“ од Левица „лапаат“ државни пари

Еден од најгласните претставници на Левица во наводната борба против расипништвото на политичките елити, пратеникот Борислав Крмов во периодот од…

March 29, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Румен Радев два пати се пофали дека тој лично ја блокирал Македонија во ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека очекува уште меѓународни признанија за конзистентната политика на Владата како што е одлуката на Комитетот…

April 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кирков бара да се затвори Зоолошката во Скопје поради можна епидемија на туберкулоза

Пред три дена во Скопје ЗОО почина младо мајмунче од видот гибон за кој, според нашите сознанија, по извршениот патолошкиот…

September 5, 2025
ПОЛИТИКА

Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово

Валандово мора да биде на сите. На пензионерите. На земјоделците. На децата. На родителите. Бизнисот овде мора да продолжи да…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?