Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потврда стигна и од М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Потврда стигна и од М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром
ЕКОНОМИЈА

Потврда стигна и од М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром

Објавено September 25, 2025 16:11
Сподели
Сподели

М-НАВ АД Скопје соопшти дека е ставен во функција радарот на скопскиот аеродром. Во текот на изминатите три дена, како што се наведува во соопштението, напорно се работеше на отстранување на дефектот кој се појави на дел од електрониката на радарската глава – Бањски рид. На 24 септември во 16:40 часот, стручниот тим на М-НАВ успешно го отстрани дефектот и ја врати радарската глава во функција, меѓутоа истата до денеска 25 септември до 12 часот подлежеше на неопходни тестирања по кои беше вклучена во системот за контролирање на воздушниот сообраќај на македонското небо, вклучително и Меѓународниот аеродром Скопје, информираат денеска од М-НАВ АД Скопје.

Од М-НАВ уште еднаш потврдуваат дека за временскиот период додека радарската глава Бањски рид била нефункционална, во ниту еден момент безбедноста на воздушниот сообраќај не била доведена во опасност.

Единствено бил намален протокот на Меѓународниот аеродором Скопје со цел да се испочитуваат меѓународните стандарди кои се применуваат во вакви услови на работа.

-Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје ве уверува дека информациите кои беа споделени со јавноста од страна на некомпетентни лица, се комплетно неточни и беа искористени со цел да се претстави погрешна слика за работењето на Друштвото, за купување политички поени или нанесување на политичка штета во пресрет на изборната кампања. Ние како професионалци се оградуваме од ваквиот начин на информирање на јавност која пред се влева неоснован страв кај граѓаните, нанесува штета на државата и дополнително негативно влијае врз довербата која ја имаат граѓаните кон институциите, се вели во денешното соопштение од М-НАВ АД Скопје.

Од М-НАВ се се заблагодаруваат на, како што велат, безрезервната поддршка што ја добиле од Владата на Македонија, а особено вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски од Кавадарци: До нов граничен премин со Грција преку реконструираниот пат од Мушов Гроб кон Конопиште
Следна Статија Скопјанец пронајден починат во својот дом

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, денеска беше именуван за нов генерален директор на британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си.…

March 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со ММФ: Народната банка е професионална, независна и кредибилна институција којашто придонесува за стабилноста

Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја истакнаа улогата на Народната банка како професионална, независна и кредибилна институција, којашто со…

June 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана

И покрај повеќето кризи стабилноста на финансискиот систем е задржана, а ризиците останаа на умерено ниво. Минатата година финансиските институции…

November 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Парите од Мој ДДВ ќе бидат исплатени, УЈП објасни зошто некаде се доцни

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025…

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?