Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потврден квалитетот и безбедноста на македонското злато во Трезорот на Банката на Англија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Потврден квалитетот и безбедноста на македонското злато во Трезорот на Банката на Англија
ЕКОНОМИЈА

Потврден квалитетот и безбедноста на македонското злато во Трезорот на Банката на Англија

Објавено December 2, 2025 20:04
Сподели
Сподели

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и неговиот тим имаа исклучителна можност за работна посета на Трезорот на Банката на Англија, каде што се чуваат златните резерви на Република Северна Македонија. Притоа, беше извршен увид во златото и условите во кои се чува во Трезорот на Банката Англија. Проверките се дел од вообичаените активности на централните банки поврзани со нивната грижа за обезбедување највисоки стандарди на сигурност и безбедност во чувањето на монетарното злато.

Народната банка на Република Северна Македонија, во состав на девизните резерви, располага со околу 6,9 тони монетарно злато, со тековна пазарна вредност од околу 800 милиони евра. Златото се чува во Трезорот на Банката на Англија во алоцирана (асигнирана) форма и го сочинуваат маркирани златни прачки коишто во целост ги исполнуваат стандардите на пазарот на злато во Лондон (London Good Delivery Standard − прачки со содржина на злато од најмалку 99,5% или тежина од околу 400 фини унци, односно околу 12 кг). Одлуката тоа да се чува во Банката на Англија беше донесена во 2010 год. имајќи ги предвид сигурноста и флексибилноста коишто ги нуди инфраструктурната поставеност на централната банка, како и пристапноста до пазарот на Лондон како најголем пазар со злато во светот.

По претходно доставено барање до Банката на Англија, беше издвоен и презентиран примерок од соодветен број златни прачки во сопственост на Република Северна Македонија. Гувернерот, заедно со својот тим експерти, изврши визуелна проверка на примероците, при што беше утврдено дека тие одговараат на сериските броеви и дека се со правилна форма којашто соодветствува на утврдените стандардни спецификации.

Имајќи ги предвид исполнувањето на високите стандарди и пристапноста до учесниците на пазарот на злато во Лондон, ова злато, при поволни пазарни услови, покрај неговата значителна ценовна апрецијација, може да се искористи и за остварување дополнителни монетарни приходи преку пласмани на краткорочни депозити и склучување трансакции со злато со централни и првокласни странски деловни банки.

Во Трезорот на Банката на Англија се наоѓа една од најголемите резерви на злато во светот. Банката на Англија се грижи за повеќе од 400.000 златни прачки вредни милијарди фунти. Златото се чува многу внимателно според највисоки безбедносни стандарди. Владата на Обединетото Кралство, банките и други влади низ светот имаат право да чуваат злато кај Банката на Англија[1].

Народната банка и во иднина ќе биде посветена на транспарентно, ефикасно и одговорно управување со девизните и златните резерви, во интерес на стабилноста и економскиот развој на државата.

 https://photos.app.goo.gl/7rPFyvf8x1E2fJJ49

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија НОВИ ДЕТАЛИ: „Воени туристи“ во Сараево плаќале стотици илјади евра за „лов“ на луѓе
Следна Статија Трамп ја запира имиграцијата од 19 земји

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Се бараат 300 невработени да се грижат за стари, но и асистенти за деца за плата од 28.000 денари

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско…

July 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Мерката „Новогодишна кошничка“ се одвива непречено, има преку 1000 производи, а мониторингот е постојан

Непречено се одвива акцијата новогодишна кошничка. Бројот на производите надмина 1000 опфатени со намалена цена од барем 10 проценти, констатира…

December 21, 2024

Cisco заработи повеќе од очекуваното, но акциите паднаа

Акциите на Cisco паднаа по објавувањето на финансиските резултати за фискалниот втор квартал, кои ги надминаа проценките, додека очекувањата за…

February 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Намален прометот во индустријата во јануари

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9,4 проценти во јануари годинава на годишно ниво, а на месечно за 13,9…

March 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?