Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ја запира имиграцијата од 19 земји
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ја запира имиграцијата од 19 земји
СВЕТ

Трамп ја запира имиграцијата од 19 земји

Објавено December 3, 2025 09:37
Сподели
Сподели

Американскиот претседател, Доналд Трамп, даде низа исклучително остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, бидејќи неговата администрација објави дека ги паузира сите апликации за имиграција од 19 неевропски земји, повикувајќи се на националната и јавната безбедност.

Трамп зборуваше на состанок на администрацијата за случај во сојузната држава Минесота, каде што, според локалното правосудство, повеќе од милијарда долари биле исплатени на непостоечки социјални служби преку лажни сметки поврзани со Сомалијци.

Истиот ден, администрацијата на Трамп објави дека ги паузира сите апликации за имиграција, вклучително и обработка на зелени карти и апликации за државјанство, од 19 неевропски земји кои веќе беа под делумни ограничувања во јуни. Листата ги вклучува Авганистан, Бурма, Чад, Конго, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Јемен, Венецуела, Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела.

Во официјалниот меморандум се наведува на неодамнешниот напад врз припадници на Националната гарда во Вашингтон, во кој еден гардист беше убиен, а друг беше сериозно ранет. Осомничен за нападот и уапсен е еден Авганистанец. Меморандумот повикува на „темелно преиспитување“ на сите барања, вклучително и можни интервјуа или повторни интервјуа на кандидатите.

Откако се врати во Белата куќа во јануари, Трамп даде приоритет на построго спроведување на имиграциските закони, испраќање федерални агенти во големите градови и засилување на депортациите. Минатата недела тој објави дека сака „трајно да ја суспендира имиграцијата од сите земји од третиот свет“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потврден квалитетот и безбедноста на македонското злато во Трезорот на Банката на Англија
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ обвинува за нерегуларности околу грант од 1,4 милиони евра за „Мамас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп иницира трилатерална средба со Путин и Зеленски

Средбата во Белата куќа меѓу Трамп и Зеленски заедно со европските лидери и генералниот секретар на НАТО ги отворија вратите…

August 19, 2025
СВЕТ

(Видео) Нова катастрофа во Турција, се урна зграда, луѓе останаа заробени под урнатините

Трикатница на улицата Бејшехир во турскиот град Коња се урнала околу 20 часот и 10 минути од засега непозната причина.…

January 25, 2025
СВЕТ

Германците апелираат: Пратете ги божиќните подароци порано оти има огромен недостиг од возачи

Германските шпедитерски здруженија денеска предупредија на можни доцнења во предбожиќната сезона поради недостиг на возачи на камиони. „Апелираме до граѓаните…

November 17, 2024
СВЕТ

Oва се главните нуклеарни локации на Иран

Американската војска нападна утрово три цели во Иран  – Натанз, Исфахан и Фордо, клучни локации на иранската нуклеарна програма, за…

June 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?