Подморница со 40 туристи потона рано изутрината во Египет.
Најмалку шест лица загинаа, а девет се повредени откако потона туристичката подморница „Синбад“ во близина на Хургада, Египет.
Како што јавува Би-Би-Си, несреќата се случила во четвртокот рано наутро недалеку од пристаништето. Четири лица се во критична состојба и итно се пренесени во болница. Се претпоставува дека во подморницата имало 40 туристи.
Спасувачките служби досега успеале да спасат 29 луѓе, пишува египетскиот весник „Ал Масри Ал Јум“. Управата за безбедност на Црвеното Море добила дојава дека подморница со туристи потонала во близина на пристаништето пред марината на „познатиот хотел“, чие име се уште не се споменува во локалните медиуми.
Како што пренесуваат локалните медиуми, подморницата веќе неколку години носи туристи на патување низ Црвеното Море. Подводната тура трае три часа и чини 68 фунти (82 евра) по билет за возрасни и 35 фунти (42 евра) за деца.
Причината и околностите за несреќата се уште не се потврдени.