Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Аеродромот Хитроу во Лондон затворен поради прекин на струја, гори трафостаница (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Аеродромот Хитроу во Лондон затворен поради прекин на струја, гори трафостаница (ВИДЕО)
СВЕТ

Аеродромот Хитроу во Лондон затворен поради прекин на струја, гори трафостаница (ВИДЕО)

Објавено March 21, 2025 07:59
Сподели
Сподели

Лондонскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе биде затворен денеска до полноќ по прекинот на струја предизвикан од пожар во блиската електрична трафостаница што го снабдува аеродромот.

„За да ја одржиме безбедноста на нашите патници и колеги, Хитроу ќе биде затворен до 23.59 часот на 21 март“, објави аеродромот Хитроу на платформата X, додавајќи дека на патниците им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот.

Според податоците на OAG, Хитроу минатата година бил вториот најфреквентен меѓународен аеродром во светот, зад Дубаи.

BREAKING: Heathrow Airport shut down after a massive substation fire sparks a power outage. No flights until 23:59 tomorrow.

Travel chaos grips London as passengers scramble. pic.twitter.com/LxVmaYZBoD

— Breaking News (@TheNewsTrending) March 21, 2025

Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари се борат со пожар во трафостаница во Хејс, кој е дел од Лондон.

Половина од трансформаторите во трафостаницата се уште горат.

Помошникот командант Пат Гулбурн рече дека ова е многу голем инцидент, а пожарникари неуморно работат во тешки услови за да го стават пожарот под контрола што е можно побрзо.

– Пожарот предизвика прекин на електричната енергија во голем број домови и локални бизниси. Пожарникарите евакуираа 29 лица од соседните имоти и беше воспоставен кордон од 200 метри како мерка на претпазливост, при што беа евакуирани околу 150 луѓе. Поради големиот чад, ги советуваме жителите да ги држат прозорците и вратите затворени. Операторите во контролниот центар примија повеќе од 200 повици и даваат клучни упатства и ја смируваат јавноста. Ова ќе биде долготраен инцидент. Како што влегуваме во утрото, се очекува потешкотиите да се зголемат, па ги повикуваме луѓето да ја избегнуваат областа ако е можно, додаде тој

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Избодено момче пред очите на својот татко во Лесковац
Следна Статија (Видео) Хрватите ја победија Франција, Германија со пресврт до триумф на „Сан Сиро“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп ги избра државниот секретар, секретарот за правда и шефот на разузнавачката служба

Републиканскиот сенатор Марко Рубио нов државен секретар, претставникот Мет Гаец секретар за правда и Тулси Габард шеф на разузнавачката заедница…

November 14, 2024
СВЕТ

Песков: Меркел го осудува Путин поради неговото куче, а во Европа ги носат кучињата во ресторани и ги носат во јавен превоз

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков се осврна на мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, во кои таа изјавила дека…

December 1, 2024
СВЕТ

Штајнмаер го распушти Бундестагот – Германија на избори на 23 февруари

Претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер го распушти Бундестагот и распиша предвременеи парламентарни избори во земјата на 23 февруари во…

December 27, 2024
СВЕТ

Пентагон испраќа околу 700 маринци во Лос Анџелес

Околу 700 маринци привремено ќе распореди американската војска во Лос Анџелес додека пристигнат дополнителни војници на Националната гарда, изјави функционер…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?