Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тој е „предатор“ и „чудовиште“: Макрон со навреди кон Путин, Москва реагираше
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Тој е „предатор“ и „чудовиште“: Макрон со навреди кон Путин, Москва реагираше
СВЕТ

Тој е „предатор“ и „чудовиште“: Макрон со навреди кон Путин, Москва реагираше

Објавено August 30, 2025 10:47
Сподели
Сподели

Русија остро го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за, како што рече, „вулгарните навреди“ откако францускиот претседател го нарече рускиот претседател Владимир Путин „предатор“ и „чудовиште“, објавија француските медиуми.

Макрон, за потсетување, ги предупреди европските лидери да не му веруваат на Путин во интервју за француската телевизиска станица „LCI“ во минатата недела.

„За да преживее, Путин мора да продолжи да јаде. Тоа значи дека е предатор, чудовиште пред нашата врата“, рече Макрон.

Тој ги даде овие забелешки по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот лидер Володимир Зеленски и европските сојузници во Вашингтон.

Руското Министерство за надворешни работи остро ги осуди изјавите.

„Тие ја преминуваат линијата не само на разумот, туку и на пристојноста, упатувајќи вулгарни навреди против Русија и нејзиниот народ“, изјави портпаролката Марија Захарова на прес-конференција.

Москва долго време ја критикуваше поддршката на Франција за Украина и го обвини Париз за поттикнување на конфликтот. Франција е еден од најлојалните сојузници на Киев од почетокот на целосната руска воена инвазија во февруари 2022 година, обезбедувајќи оружје и финансиска помош.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриевски: Бадентеровото правило ја доведува во прашање функционалноста на државата
Следна Статија Српската туристка која исчезна додека пливала кај Солун е пронајдена мртва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег

Откажани се вкупно 1.339 летови, а одложени се 606 летови ширум САД откако невремето зафати голем дел од земјата со…

January 6, 2025
СВЕТ

И во Шведска има криминални кланови, водачот е уапсен во Турција

Еден од најбараните криминални водачи во Шведска е уапсен во Турција во рамки на операција против трговија со дрога, соопшти…

July 4, 2025
СВЕТ

Во Шкотска заплена на кокаин во вредност од речиси четири милиони фунти

Шкотската полиција заплени дрога во проценета вредност од 3,68 милиони фунти (4,77 милиони долари) за време на рација во Глазгов.…

August 2, 2025
СВЕТ

Трамп најави зголемување на царините за увоз на челик и алуминиум на 50 проценти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на митинг во Пенсилванија објави дека планира да ги зголеми царините за увоз на челик…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?