Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Новиот човек на Трамп за Блискиот Исток, е свекорот на неговата ќерка Тифани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Новиот човек на Трамп за Блискиот Исток, е свекорот на неговата ќерка Тифани
СВЕТ

(Видео) Новиот човек на Трамп за Блискиот Исток, е свекорот на неговата ќерка Тифани

Објавено December 2, 2024 11:40
Сподели
Сподели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неделата објави дека либанско-американскиот бизнисмен Масад Булос ќе биде висок советник за арапски и блискоисточни прашања.

Трамп ја сподели оваа објава на социјалната мрежа Truth Social. Булос, свекорот на ќерката на Трамп, Тифани, неколку пати се сретнал со арапско-американски и муслимански лидери за време на изборната кампања, пишува Ројтерс. Ова е втор пат во последните денови Трамп да избере член на семејството на еден од неговите зетовци за да служи во неговата администрација.

Во саботата Трамп објави дека го избрал таткото на Џаред Кушнер, Чарлс Кушнер, за американски амбасадор во Франција.

Во последните месеци, Булос водеше кампања за Трамп да ја добие поддршката од либанско-американските и арапско-американските гласачи и покрај фактот што САД ја поддржаа воената кампања на Израел против Хезболах во Либан.

Но, како што пишува Ројтерс, Булос има силни врски и во САД и Либан.

Имено, неговиот татко и дедо биле значајни политички фигури во Либан, додека неговиот зет бил клучен финансиер на Слободното патриотско движење, христијанска партија поврзана со Хезболах. Неговиот син Мајкл и Тифани Трамп се венчаа на раскошна церемонија во клубот Мар-а-Лаго на Трамп во Флорида во ноември 2022 година, по веридбата во градината на Белата куќа за време на првиот мандат на Трамп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фиорентина: Бове е свесен и дише без помош на апарат за кислород
Следна Статија До крајот на месецов исплата на К-15, еве колку пари ќе легнат на сметката на работникот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Руте и Фон дер Лајен не сакаат Европа да зависи од САД за одбраната

– Времето кога Европа можеше да ја препушти својата одбрана и безбедност на Америка е завршено, оценија генералниот секретар на…

July 6, 2026
СВЕТ

Кралот Чарлс и премиерот Стармер по приведувањето на поранешниот принц Ендру: Никој не е над законот

По веста дека денеска е приведен поранешниот британски принц Ендру, се огласија премиерот Кир Стармер и неговиот брат, кралот Черлс…

February 19, 2026
СВЕТ

Зеленски бара тројна средба по самитот Путин–Трамп на Алјаска

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не присуствува на американско-рускиот самит во Алјаска, изјави дека очекува извештај од разузнавачките служби за…

August 15, 2025
СВЕТ

Орбан предвидува: Новата влада на Доналд Трамп ќе ја прекине помошта за Украина

Новата американска администрација на Доналд Трамп ќе прекине да дава помош за Украина во нејзината борба против руската инвазија, изјави…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?