Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“
МАКЕДОНИЈА

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Објавено March 7, 2026 13:38
Сподели
Сподели

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат ставени во функција до втората половина на наредната година. Паркинзите ќе бидат, пред се, наменети за пациентите и за вработените во Клиничкиот центар.

Како што најавија министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски пред потпишувањето на Договорот, ако има потреба, ќе биде изграден и трет монтажен паркинг, а доколку се утврди дека капацитетите овозможуваат да се паркираат и приватни резиденти, ќе се овозможи и таква опција.

Паркинзите ќе имаат нов систем за евиденција и наплата преку кои ќе се врши детекција на слободни места и ќе се овозможи полесен и побрз пристап, а пациентите ќе ги користат по истите цени и по повластени услови.

Ова, нагласија Алиу и Ѓорѓиевски, е капитален проект не само за Скопје, туку за цела Македонија и со него ќе се реши досегашниот децениски хаос со паркирањето во Клиничкиот центар.

-Договорот за давање под закуп на недвижни ствари со непосредна спогодба со Град Скопје предвидува организирање, управување, уредување и одржување на паркиралиштата во комплексот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Град Скопје има обрвсрка во следните 60 дена да достави акциски план за спроведување на активностите со конкретни рокови за импелементација. Договорот е на 15 години, со закупнина во висина од 10 отсто од вкупно остварениот промет, а Град Скопје ќе почне со проектирање и изградба на катни гаражи и инфраструктурно уредување. Проектот значи модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање за околу 50 отсто. Закупецот е должен пред Советот на Град Скопје да предложи ценовник за паркирање со билети за корисници за комерицјална употреба на здравствени услуги, за пациенти со малигни заболувања и за вразбоптените во Клинички. Проектот ќе предвидува комплетен мониторинг на паркирањето и дигитален водич за граѓаните, хортикултурно уредување на просторот, паметен паркинг-систем со сензори за детекција на слободни паркинг-места, мобилна апликација, поврзување со фискален систем…, истакна министерот Алиу.

Според градоначалникот Ѓорѓиевски, наместо приватен инвеститор, паркинзите ќе ги гради Град Скопје што ќе оневозможи поскапување на билетите и остварување бизнис профит.

-Во минатото беа планирани други цели за паркингот на Клинички, особено јавно-приватно партнерство ЈПП) со што интересот на граѓаните ќе беше во втор план зашто кога ќе се случи ЈПП и кога ќе влезе приватен инвеститор и цените ќе се зголемат. Дојдовме до соломонско решение, Наместо приватен, инвеститор ќе биде Град Скопје. Наредната недела, в четврток, ќе правиме ребаланс на Буџетот, а една од точките ќе бидат монтажните паркинзи, два во првата фаза со најмалку 500 паркинг места за почеток. Ако се покаже дека има потреба од повеќе, ќе биде изграден и трет монтажен паркинг. Тоа ќе биде генерално решавање на хаосот што владее со години на Клинички. Ако се утврди дека капацитетите овозможуваат да се паркираат и приватни резиденти, ќе овозможиме и таква опција, но фокусот ќе биде задоволување на потребите на пациентите и на вработните во Клинички. Планираме по ребалансот ќе биде распишана тендерска постапка – проектирање и изведба. Операторот што ќе го добие тој проект, ќе треба да го заврши во рок што ќе го утврдиме со МЗ, но тоа нема да биде повеќедецениски проект. Се надевам дека до втората половина на наредната година двата монтажни паркинга ќе бидат ставени во функција. Ќе бидат ултра современи, со нов систем за евиденција и наплата, точно ќе се врши детекција на слободни места, ќе се овозможи полесен и побрз пристап и ќе се спречат дополнителните нервози кај граѓаните, подвлече Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Nintendo Expands Switch Online’s Virtual Boy And GBA Library With Three More Titles – Nintendo Life
Следна Статија Capcom Spotlight Taking Place Later This Week, Here’s A Teaser Trailer – Nintendo Life

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците

Собранието денеска треба да ја започне новата 59. седница на која како прва точка на дневниот ред е интерпелацијата за…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски пред пратениците откри за што се разговорало во Давос

Во текот на денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски одговараше на пратеничко прашање упатено до…

January 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не сум среќен поради дебаклот на СДСМ, но тој е одраз на реалноста дека оваа партија не се реформираше

Овој резултат е порака до СДСМ. Морам да признаам дека не сум среќен поради нивниот дебакл, но тој е одраз…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Пцовисаа две лами од редок вид во скопската Зоолошка градина

Хоророт во Скопската Зоолошка градина продолжува. Погинаа две лами. Во Куќата на стравот т.е Скопје ЗОО погинаа две Лами од…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?