Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт на локалитетот Скупи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт на локалитетот Скупи
МАКЕДОНИЈА

Потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт на локалитетот Скупи

Објавено August 19, 2025 11:22
Сподели
Сподели

На археолошкиот локалитет Скупи денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Германскиот археолошки институт, претставуван од Римско-германската комисија.

Министерот за култура изрази задоволство од воспоставената соработка, нагласувајќи ја нејзината стратешка важност.

-Археологијата е значаен сегмент од културно-историскиот мозаик на нашата земја и претставува непроценливо наследство за идните генерации. Ние сме должни да го истражуваме, да го заштитиме и да го афирмираме тоа наследство бидејќи секој археолошки наод е жива врска помеѓу минатото, сегашноста и иднината, рече министерот.

Соработката ќе овозможи размена на знаења, методологии и заеднички истражувања, со што се очекува унапредување на научните стандарди и меѓународната промоција на македонското културно наследство.

– Овој меморандум претставува силна основа за унапредување на стручната и научната афирмација на нашите археолошки откритија, преку примена на современи методолошки принципи, обработка на материјални докази и нивна промоција во меѓународен контекст. Истовремено, соработката ќе придонесе за развој на културниот туризам како една од стратешките насоки на европската културна политика во 21 век, а со тоа археолошките локалитети ќе добијат нова димензија – не само како научни туку и како туристички атракции кои ја раскажуваат историјата на нашата земја пред светот, истакна министерот.

Заменик-директорот на Германскиот археолошки институт, Лукас Вертер, истакна дека соработката ќе се заснова на научни истражувања кои потоа ќе бидат достапни за сите заинтересирани за локалитетот.

– Се радуваме на нашите заеднички активности на овој локалитет кој има многу скриени нешта во земјата кои сакаме да ги обелодениме на луѓето и да ги изградиме капацитетите на Скупи, рече тој. Дополнително, беше потпишан и втор документ од страна на Музејот на град Скопје, со што започнуваат првите конкретни чекори кон реализација на оваа соработка. Очекувањата се дека партнерството ќе придонесе и за развој на културниот туризам, позиционирајќи археолошките локалитети како атрактивни дестинации на европската културна мапа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Само 13 отсто од државните институции ги користат податоците од Централниот регистар на население
Следна Статија Омерагиќ: Клубовите од Втората лига ослободени од котизација по 15 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: 16 пациенти ќе бидат испишани и ќе продолжат на домашно лекување

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска даде изјава за моменталната состојба на пациентите кои се на болничко лекување од…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на конститутивната седница: „Време е за работа – Скопје ќе биде модерен и чист град

На конститутивната седница на Советот на Град Скопје, новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски упати порака за единство, одговорност и приоритети насочени…

November 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Стармер

Во рамките на посетата на Самитот за Западен Балкан, премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со британскиот премиер, Кир Стармер. На…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?