Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потресно сведоштво на херојот Јован: Страшни глетки од „Пулс“ – „Го дадов последниот здив за да спасам живот“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Потресно сведоштво на херојот Јован: Страшни глетки од „Пулс“ – „Го дадов последниот здив за да спасам живот“
МАКЕДОНИЈА

Потресно сведоштво на херојот Јован: Страшни глетки од „Пулс“ – „Го дадов последниот здив за да спасам живот“

Објавено March 30, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Со маса го скршив прозорецот и со цревото прскавме вода внатре. Вака 19 годишниот Јован Костадинов кој спаси 21 живот во пожарот во „Пулс“ го почнува првото сведочење за она што се случувало кобната ноќ на 16 март.

За иницијативата „Поддржи го Кочани“ која произлезе за донирање средства за семејствата на настраданите во пожарот, тој заборуваше што се’ се случувало вечерта.

„Го земав цревто, се измокрив. Отидов на главниот влез, ама луѓето таму беа многу заглавени, па влегов низ прозорецот што е кај билетите. Влегов во таа соба, имаше таму четири или пет луѓе. Вратата беше заглавена, ја скршивме и почнавме да ги вадиме еден по еден“, раскажува Костадинов и додва дека не било лесно да се вадат онесвестените лица кои морал да ги носи надвор пред дискотеката, па повторно да влегува внатре.

Вели имало многу чад, а тој повеќе пати влегувал и излегувал, а патем и од се’ што го видел, му се слошило. Излегол надвор, го измиле со вода и се освежил.

Со возило бил пренесен во болницата во Кочани. Почнале да го печат очите и да му се врти, а со него имало уште две лица во возилото, биле свесни, но ги придржувал. Во болницата добиле кислород, им бил проверен пулсот. Костадинов, исто како и другите сведоци кои досега зборуваа за трагедијата, рече дека во болницата било хаос.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Медицински сестри спасуваат новороденчиња за време на ужасниот земјотрес
Следна Статија Верниците од исламска веросиповед во земјава го слават Рамазан Бајрам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денес го славиме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Роднина на апостолот Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од Седумте ѓакони коишто Светите апостоли…

January 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Македонскиот јазик не се става на гласање!“ – предупредува проф. Ќулафкова

Во врска со предлогот на Антонио Милошоски за заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за потврда на македонскиот идентитет…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стражај: Имате горчливо искуство со билатерализација на пристапниот процес, барањата не може да одат во недоглед, на потег е ЕУ

Македонија има горчливо искуство со ставањето на билатералните прашања во процесот на евроинтеграција. Вие со децении се подготвувате за процесот…

November 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дисциплинската комисија утврдила „крупни грешки“ и ќе бара разрешување на Хајрулахи

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство, по целосно спроведени…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?