Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина актерката Соња Каранџулоска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина актерката Соња Каранџулоска
ХРОНИКА

Почина актерката Соња Каранџулоска

Објавено May 26, 2025 17:49
Сподели
Сподели

На 77-годишна возраст почина Соња Каранџулоска, позната македонска театарска, филмска и телевизиска актерка, од Македонскиот народен театар, која има словенечко потекло.

-На 25.05.2025 не‘ напушти нашата драга Соња Каранџулоска (1948 – 2025), членка на Словенечкиот центар – Скопје. Беше вистински борец, како на театарските штици и на натпрварите по мечување, така и низ целиот свој живот. Ни беше чест што соработувавме и што оваа година прославата, по повод словенечкиот државен празник на културата, Прешернов ден, ја посветивме на неа и во Младинскиот културен центар – Скопје го организиравме настанот – Вечер со Соња Каранџулоска и пријателите, соопштија од Словенечки центар – Скопје.

Каранџулоска на Факултетот за драмски уметности во Скопје предавала Сценско мечување. Во нејзината богата кариера Соња имала повеќе значајни улоги во театарски претстави, како во Македонскиот народен театар, така и надвор од него: Лиза, Ангелина, Валерија, Паулина, Нора, Рената, Анка, Лезли, Доли, Марија, Клара, Митра, Јокаста, Бетија, Батиша, Жената од Необична жена, Жената од Среќен настан, монодрамата „Клитемнестра“…и многу други.

Ќе биде паметена и по улогите во повеќе ТВ филмови, серии, во Македонските народни приказни, но и по песните и рефрените кои ги испеа на манифестацијата Глумците пеат, каде ја освои публиката со нејзиниот прекрасен глас.

Посмртните останки на актерката Соња Каранџулоска ќе бидат изложени утре, 27 мај, вторник, од 10.45 до 11.30 часот, во црквата Св. Ѓорѓија, во Ченто, а погребот ќе биде во 12.00 часот, на гробиштата Камник – Ченто, Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За 20 илјади запленети производи годинава е утврдено дека се фалсификати
Следна Статија Елитна проституција со Бразилки во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка

Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка. Телата се откриени по интервенција на противпожарните служби. Во 08:57 часот добиена е…

January 12, 2025
ХРОНИКА

Исчезнало 14-годишно девојче, полицијата трага

42-годишна жена од скопското село Петровец вчеравечер пријавила во полиција дека исчезнала нејзината 14-годишна ќерка, соопшти полицијата. „На 31.03.2025 околу…

April 1, 2025
ХРОНИКА

Во несреќен случај загина 46-годишен камионџија од Желино

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од село Горњане кон село Блаце, камион…

April 23, 2025
ХРОНИКА

23-годишна жена која престојувала во Ржаничино со тупаници по устата и носот го тепала шестмесечното бебе

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, осомничена за кривичното…

November 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?