Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина една од најдобрите македонски докторки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина една од најдобрите македонски докторки
ХРОНИКА

Почина една од најдобрите македонски докторки

Објавено May 7, 2025 09:04
Сподели
Сподели

Со тага и искрено сочувство, медицинската заедница и граѓаните се простуваат од примариус специјалист д-р Славица Трајкова, инфектолог, која почина на 64-годишна возраст, дел од велешката болница.

И покрај тоа што беше дел од локална болница, македонската јавноста ја памети како еден од најхрабрите лекари кои застанаа на првата линија во борбата со коронавирусот за време на пандемијата. 

Како специјалист по инфективни болести, се одзва на повикот на Министерството за здравство и несебично замина да помогне во епицентарот на заразата – градот Дебар, каде што во најтешките моменти лекуваше пациенти и придонесе во справувањето со кризата.

Голем дел од својата кариера ја посвети на Инфективното одделение при Општата болница во Велес, каде што со својата експертиза, посветеност и човечност остави неизбришлив белег.

На социјалните мрежи се нижат бројни коментари од граѓани и колеги кои со тага се простуваат:

„Со нејзината работа и посветеност кон пациентите, остави траен белег во болницата во Велес, пред сè на Инфективното одделение. Докторке, колешке, ќе ни останеш во убави спомени. Вечна ти слава.“

„Бог да ја прости! Голема загуба за Велес. Беше една, ако не и најдобрата докторка.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Бес во Барселона: Имаше фаул врз Мартин пред третиот гол на Интер
Следна Статија Мицкоски по повод Денот на полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,…

July 5, 2025
ХРОНИКА

Во бункер во Арачиново пронајден експлозив и оружје

Куп експлозив и оружје е најдено во Арачиново, во дворот каде со багери се копа со денови, дознава „Скопје1“. На…

December 20, 2024
ХРОНИКА

Татко го удирал синот за да го исфрли од дома, на детето му се затемнило пред очи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 37-годишник од Скопје за кого постои основано сомнение дека…

April 7, 2025
ХРОНИКА

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани

Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници. Не е позната причината за несреќата, но извесно е…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?