Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села
ХРОНИКА

Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села

Објавено November 1, 2025 11:31
Сподели
Сподели

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден во предметот за настаните од „27 април“. Тој издржуваше 13-годишна затворска казна за претепувањето на Зијадин Села.

Веста ја објави Горан Ангелов-Ќосето, исто така осуден во случајот.

„Почивај во Мир Кире. И ти не дочека како братот Игор Југ да ја видиш слободата! Уште колку треба да умреме од 27 за да се наситите, уште колку додека ја чекаме правдата!!!“, напиша Ќосето.

Ѓорѓиевски, кој беше и бранител од 2001 година, беше обвинет и осуден како лицето кое му ги нанело најтешките удари на Села, дело кое тој го негираше.

Иако се жалеше на одлуката на Кривичниот суд, Апелација му ја потврди 13-годишната казна. Во 2017 година, додека беше во притвор, Ѓорѓиевски беше претепан од група затвореници.

Ова е втора смрт на осуденик од овој предмет годинава. Во февруари, на 54-годишна возраст, почина Игор Југ. Двајцата осудени поминаа повеќе од осум години зад решетки и бараа слобода.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ден на национална жалост утре во Албанија поради смртта на Фатос Нано
Следна Статија Само три жени во трка за градоначалничко место во вториот круг од локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Остатоци од човечко тело пронајдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа…

November 8, 2025
ХРОНИКА

Кривични пријави против неколку лица од РЕК Осломеј, го оштетиле претпријатието за 597.080 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(49) од Кичево и Н.Н.(36) од Кичево  поради постоење основи на сомнение за сторено…

May 22, 2025
ХРОНИКА

Затруено четиригодишно дете донесено во болница во Куманово

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го…

August 14, 2025
ХРОНИКА

Голем пожар доцна синоќа во Лисиче – Гореа бараки, едно лице е повредено

Голем пожар доцна синоќа ја зафати скопската населба Лисиче, при што целосно изгореа две куќи, а една е делумно оштетена.…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?