Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Само три жени во трка за градоначалничко место во вториот круг од локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Само три жени во трка за градоначалничко место во вториот круг од локалните избори
ПОЛИТИКА

Само три жени во трка за градоначалничко место во вториот круг од локалните избори

Објавено November 1, 2025 11:32
Сподели
Сподели

Во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи во недела, 2 ноември, од вкупно 33 општини каде ќе се гласа, само три жени се кандидати за градоначалничка функција.

Според податоците од Државната изборна комисија, кандидатки се Соња Стаменкова во Општина Македонска Каменица, поддржана од Коалицијата „Локални избори 2025 – СДСМ“, и кандидатките на Коалицијата „Твоја Македонија – ВМРО-ДПМНЕ“ Марија Нацева во Општина Неготино и Наталија Димитриева во Демир Капија.

Во првиот круг на локалните избори 2025 беше избрана само една за градоначалничка– Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода.

Од вкупно 44 избрани градоначалници во првиот круг, тоа претставува 2.2 проценти родова застапеност.

На овие избори се натпреваруваа вкупно 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 беа жени, што е 10.35 проценти од вкупниот број.

Најмногу кандидатки – три – имаше во Прилеп, додека по две се натпреваруваа во Битола, Велес, Карпош, Кисела Вода, Неготино и Центар.

Во 16 општини и Градот Скопје имаше само по една жена кандидат.

Во голем дел од општините жените воопшто не беа присутни на гласачките ливчиња.

На вториот круг право на глас ќе имаат 1 013 375 граѓани, а гласањето ќе се спроведува во 33 општини каде ниту еден кандидат не обезбеди мнозинство во првиот круг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села
Следна Статија Јелена Карлеуша за потегот на Цеца: „Ова е дно, не глупост – дно!“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Таравари бара од споменикот за Вејце да се тргне натписот „албански терористи“

Откако пратеникот од Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари порача дека УЧК и нејзините борци не се терористи и…

April 30, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ бара локален референдум за рудникот со антимон и исполнување на клучни услови

За најавата на Мицкоски за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке мора да има поширока јавна дебата и секако…

April 19, 2026
ПОЛИТИКА

Нова анкета: ВМРО-ДПМНЕ-СДСМ 7:1

Последната телефонска анкета за на Институтот за политички истражувања Скопје, направена на потребите на МРТ во септември месец, во која…

September 26, 2025
ПОЛИТИКА

За Филипче, извештајот на ЕП каде се говори за вековен македонски идентитет е лош

Новиот Извештај на Европскиот парламент е практично најлошата оценка што нашата земја ја добила изминатите повеќе од една деценија. Во…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?