Почина повредениот во престрелката кај Бит пазар во непосредна близина на полициската станица кој со тешки повреди беше пренесен на клиника. Вооружена престрелка помеѓу две групи се случила околу 14 часот на раскрсница на улицата „Војдан чернодрински“.
Дел од куршумите завршиле и во околните објекти и автомобили. престрелката траела кратко, а во тој период местото било раздвижено. Од МВР соопштија дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице било повредено.
На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објекти и околните продавници и неколку паркирани возила. се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Засега нема информации дали се пронајдени и уапсени луѓето кои учествувале во престелката.