Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Васил Јованов, кој ја изгази Фросина, повторно пред суд – овојпат за обвинение за трговија со дрога
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Васил Јованов, кој ја изгази Фросина, повторно пред суд – овојпат за обвинение за трговија со дрога
ХРОНИКА

Васил Јованов, кој ја изгази Фросина, повторно пред суд – овојпат за обвинение за трговија со дрога

Објавено June 11, 2025 12:00
Сподели
Сподели

Васил Јованов, кој пред извесно време беше осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на 24-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин, денеска повторно се појави пред суд – но по друго обвинение.

Станува збор за постапка што се води пред Апелациониот суд во Скопје, поврзана со обвинение за недозволена трговија со наркотични средства. Обвинителството поднесе жалба на пресудата на Основниот суд, кој претходно го прогласи Јованов за виновен и му изрече затворска казна.

На денешната јавна седница во Апелација присуствуваше и неговиот бранител, кој се противи на евентуално зголемување на казната. Од страната на Обвинителството, предметот го застапува вишата обвинителка Фатиме Фетаи.

Јованов е обвинет дека бил дел од мрежа за дистрибуција на дрога. Првично, како постар малолетник, му беше изречена воспитна мерка. Подоцна, Апелациониот суд ја преиначи пресудата и му изрече затворска казна од 3 години и 10 месеци. Сепак, Врховниот суд ја укина таа одлука, со образложение дека не била одржана јавна седница, со што обвинетиот бил оневозможен да се брани.

Сега, предметот повторно се разгледува пред Апелациониот суд, каде се очекува конечна одлука за казната по ова обвинение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ученик во основно училиште во Белград приведен откако донел список за отстрел и нож
Следна Статија Од 1 јануари трајно одземање на возило доколку се управува безобѕирно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанка пронајдена почината, познат нејзиниот идентитет

На 09.06.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена…

June 10, 2026
ХРОНИКА

Судијата Ристов негира вина, Обвинителствот тврди дека ќе докаже оти „соѕиданите“ 350.000 евра биле негови

Апелациониот судија Ѓоко Ристов, кому истражителите му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид во домот на неговите родители во Неготино,…

May 28, 2026
ХРОНИКА

Обвинителството бара притвор за возачот од Косово за трагедијата на скопската обиколница

Основното јавно обвинителство отвори истрага за сообраќајната несреќа на скопската обиколница, меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, во која загинаа…

May 23, 2026
ХРОНИКА

Три години затвор за тројцата обвинети: Судот изрече максимална казна за дивите депонии во Вардариште

Кривичниот суд Скопје денеска ги изрече пресудите за тројцата обвинети за создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во населбата…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?