Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина помошник-директорот на Царината Марјан Тасевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина помошник-директорот на Царината Марјан Тасевски
ХРОНИКА

Почина помошник-директорот на Царината Марјан Тасевски

Објавено August 8, 2025 21:18
Сподели
Сподели

Со тажна објава на социјалните мрежи, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја соопшти веста за смртта на помошник-директорот на Царинската управа, Марјан Тасевски. Го опиша како исклучителен професионалец, скромен и посветен човек, кој до последен момент бил посветен на работата.

Со голема тага се простуваме со голем професионалец, помошник директор на Царинската управа, Марјан – смирен, скромен и посветен, кој секогаш работеше со срце и знаење. Неговото ненадејно заминување е голема загуба и за институцијата и за сите нас кои го познававме“, напиша министерката.

Во својата порака, таа истакна дека Тасевски до доцна во ноќта работел на последните измени на Уредбата за спроведување на царинскиот закон, покажувајќи исклучителна професионалност и посветеност.

Ќе го паметам како тивок човек кој имаше свој став и не отстапуваше. Како што тивко влегуваше во мојот кабинет, така тивко и не напушти“, напиша таа.

Министерката Димитриеска-Кочоска изрази искрено сочувство до семејството на Марјан Тасевски, истакнувајќи дека ја губиме личност со знаење, искуство, став и достоинство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Наскоро во функција уште една делница од автопатот Кичево-Охрид
Следна Статија Во болница Кавадарци извршена прва лапароскопска уролошка операција кај 38-годишен пациент

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Палчо: Не го познавав Панче Жежовски, доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни

Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, каде што сведочи обвинетиот Љупчо Палевски.…

April 23, 2025
ХРОНИКА

Пијан скопјанец ја натепал својата 15-годишна ќерка

Лишен од слобода насилник од скопско кој физички ја нападнал малолетната ќерка. Како што информираат од МВР, вчера во 06:00…

March 6, 2026
ХРОНИКА

Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител донесе одлука за поведување дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на…

January 30, 2025
ХРОНИКА

Приведен возачот кој усмрти велосипедист во Скопје и побегна

Приведен е возачот кој денеска удри велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и кој по несреќата го напушти местото…

November 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?