Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнаа вонредните контроли на фирмите што произведуваат медицински канабис, ќе се проверуваат 43 лиценци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Почнаа вонредните контроли на фирмите што произведуваат медицински канабис, ќе се проверуваат 43 лиценци
МАКЕДОНИЈА

Почнаа вонредните контроли на фирмите што произведуваат медицински канабис, ќе се проверуваат 43 лиценци

Објавено February 12, 2026 12:56
Сподели
Сподели

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска соопшти дека почнаа контролите на сите фирми за производство на медицински канабис. Како што рече на прес-конференција, ќе мора да се проверуваат 43 лиценци.

Донесена е, потсети Алиу, и владина одлука за именување членови на Меѓуресорската комисија.

Од денеска почнуваат вонредните контроли, заедно со МВР. Најверојатно додека трае оваа прес-конференција, колегите се на терен. Ќе мора да се проверуваат 43 лиценци за производство на медицински канабис. Завчера на владина седница се донесе одлука за именување членови на Меѓуресорската комисија. Човек од Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со неа. Била креирана во 2017 година, а не најдовме ниту еден извештај од нејзината работа иако е една од клучните за да имаме увид што се случува во однос на производството на канабис за медициснки цели, истакна министерот.

Алиу објасни дека засега има две комисии, едната составена од Министерството за здравство, која работи во континуитет, и уште една – меѓуресорска.

Едната комисија ја креира МЗ, брои пет члена – двајца од Министерството, еден од Институтот за јавно здравје, еден од МАЛМЕД и еден од МЗШВ, а надлежна е за две работи – да ги анализира административните процедури и да дава согласност за лиценци. Оваа Комисија си работи во континуитет и имаме информација колку предмети се архивирани. Другата е меѓуресорската, со многу пошироки ингеренции, која ги анализира политиките за овој тип процеси. Меѓуресорската е според Законот за Влада и мислам дека има 13 члена. Креирана е во 2017 година, била активна од тогаш, но нема ниту еден извештај, нема активности кои укажуваат на некој пропуст – системски или од аспект на инфраструктура. Во однос на правилниците, има два, еден стар и уште еден. Нашите експерти од Министерството за здравство и двајца универзитетски професори ги анализираа. По анализите, ако има потреба, ќе излеземе со постапка за правилниците, истакна министерот.

Алиу информира дека во вторникот, на владина седница, побарал законски измени што ќе му овозможат на министерот во вакви случаи да има ингеренции да креира повеќе од една комисија.

Една комисија ќе треба да направи сега анализа и да доставува извештаи. Кога се креира закон, мора да се креира и инфраструктура за имплементација на тој закон, подвлече Алиу.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски очекува убава вест од САД за Македонија: Тарифите за 64 стратешки производи ќе се намалат на 0 до 6 проценти
Следна Статија Мевгеникс го заработи целиот буџет за развој за само 3 часа по лансирањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

По 19 години работа, македонски доктор без образложение избркан од струшката болница

Физиотерапевтот од Струга, Димче Димоски, кој 19 години работел по договор на дело, остана без работа откако новиот директор на…

October 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за интервју на Алфа ТВ на прашање за акцијата во којашто паднаа двајца поранешни…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН: Повеќе од 12 милиони евра од буџетот за науката во Македонија

Министерството за образование и наука оваа календарска година преку три повици за распределба на средства ја стимулираше реализацијата на научно…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?