Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во кочанската болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во кочанската болница
ЗДРАВЈЕ

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во кочанската болница

Објавено June 14, 2025 10:08
Сподели
Сподели

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница со проширена дејност во Кочани денеска почнаа градежните работи за реконструкција, со што ќе се обезбедат подобри услови за третман и лекување на повредените во пожарот во клубот „Пулс“.

Според најавите, реконструкцијата треба да заврши за неполн месец, а со градежните активности ќе бидат опфатени и одделенијата за хирургија, гинекологија и неврологија.

Ќе се реновира нова просторија за ласертерапија, електротерапија и магнетна терапија. Исто така, ќе се набават нови апарати коишто ќе бидат мултифункционални со што ќе може да се обавува комплетната терапија на еден пациент. Ќе се направи подобар пристап, а ќе се реконструираат и тоалетите, истакна д-р Катерина Мирчовска, в.д. директорка на Општата болница – Кочани.

Во одморалиштето на МВР на Поникава од средината на идната недела ќе биде згрижена првата група повредени пациенти, каде физикална терапија ќе добиваат 45 пациенти. Според направената евалуација, најголем дел од нив се во првата група.

Предвидено е да се вклучи работна терапија и различни типови на вежби за зајакнување на целокупната мускулатура. Тоа не е само кај онаа што е погодена од изгореници, затоа што голем дел од пациентите поминале долго време во болница во иста позиција, па потребно им е да зајакнат комплетно додаде Мирчовска.

Повредените од пожарот кои се рехабилитираат во кочанската Општа болница како и во Клиничката болница во Штип се во добра здравствена состојба. Според најавите од здружението SupportKocani се очекува на 16 јуни да пристигне компресивна облека за повредените кои имаат изгореници по рацете, нозете, лицето, вратот и грбот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав
Следна Статија Мицкоски на настанот „Од нива до трпеза“ – промоција на традиционалната македонска храна и руралниот туризам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клиниката за торакална и васкуларна хирургија се стекна со статус на акредитирана здравствена установа

На ден 10-10-2024 година се додели сертификатот за акредитација на директорот д-р Игор Џиковски на ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална…

October 29, 2024
ЗДРАВЈЕ

Магнезиумот не е за секого

Магнезиумот е еден од најчесто препорачуваните додатоци во исхраната, особено кога станува збор за подобар сон, помалку грчеви и чувство…

April 5, 2026
ЗДРАВЈЕ

За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

Од 3 до 9 февруари пријавени се 2.880 случаи на зболени од грип и респираторни заболувања слични на грипот, што…

February 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Им пресадуваат заб во окото на слепите пациенти за да им го вратат видот

За прв пат во Канада, хирурзите успешно ја изведоа првата фаза од процедурата која вклучува вградување заби во очите на…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?