Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна судскиот процес против групата „Беланоца-Барон“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почна судскиот процес против групата „Беланоца-Барон“
ХРОНИКА

Почна судскиот процес против групата „Беланоца-Барон“

Објавено September 4, 2025 19:38
Сподели
Сподели

Со воведни зборови на Обвинителството, денеска, во судницата на затворот Идризово се одржа судското рочиште против деветмината водачи и членови на криминалната група Беланоца-Барон, обвинети за повеќе убиства, изнуди и загрозување на општата сигурност во периодот од 2020 до 2024 година.

Како што беше посочено од страна на јавната обвинителка, обвинетите во рамки на злосторничко здружение извршиле најмалку осум убиства, дел од нив двојни, како и сериозни инциденти со кои била нарушена општата безбедност. Дел од доказите, појасни, се прислушувани и пресретнати комуникации, содржини екстрахирани од видео надзори, мобилни телефони, дигитални уреди, како и физички докази оружја, возила, траги од крв, искази на сведоци и тн.

Во воведните зборови на Обвинителството, беше истакнато дека членовите на криминалната група од една страна се декларирале како големи верници и муслимани, а од друга страна учествувале во ликвидации на лица за паричен надомест, трговија со дрога, рекет, изнуда, давање под камата и проституција.

Еден од обвинетите дури кажува дека има голема желба да изврши самоубиствен напад влегувајќи во група на луѓе, како и дека својот син го учи на тие постулати. Има луѓе за кои животот значи сума на пари кои плаќаат преголема цена доколку убиството се изврши на најсуров начин, со испукување на цел арсенал автоматско оружје во лицето на противникот за цел негово уништување, а воедно и понижување и испраќање јасна порака. Има луѓе кои немаат јасна кауза и лојалност спрема никој и денес убиваат заедно, а друг ден кројат планови за да се убиваат меѓусебно. Има луѓе кои имаат на платен список убијци, изнудувачи, потпалувачи кои се испраќаат во мисија дури и за еден погрешно кажан збор, истакна обвинителката.

Претходно од страна на адвокатот Еленко Миланов, бранител на првообвинетиот Фатљум Ајети, беше оспорена законитоста на прибавените докази на Обвинителството, нагласувајќи дека „поднесениот обвинителен акт и листата докази на Обвинителството не е наведена ниту една наредба за посебна истражна мерка, ниту пак е доставена било каква наредба за примена на посебна истражна мерка која би значела тајно следење и снимање на лица и предмети надвор од домот или деловен простор означен како приватен“.

На ова од страна на јавната обвинителка беше посочено дека „затворската ќелија недвосмислено претставува затворен и физички ограничен простор со ѕидови и врати каде што се одвива приватна комуникација“. Обвинителката, рече, затворската ќелија е место каде што лицата разговараат без присутство на трети лица и каде обвинетиот Фатљум Ајети треба да помине 11 години од својот живот, посочувајќи дека голем животен дел таму треба да поминат и обвинетите Зулќуфли Нуредини и Гани Марку.

Посебната истражна мерка следење во затворен простор е законска и оправдана како единствен начин на прибирање кривични докази, пропорцијално соодветно на тежината на обвинувањата и одобрена од надлежен судија на претходна постапка. Доказите прибрани преку оваа мерка се законски и допустливи имајќи го во предвид јавниот интерес за откривање на вистината во овој случај кој е од исклучително значење за безбедноста на граѓаните, посочи обвинителката.

Обвинети се Фатљум Ајети познат како Тоте, Акиф Равмановски познат и како Јусуф Акифи–Барон, Зулќуфли Нуредини, Акиф Мемиши, Абдула Садики, Шенаси Маслани, Мирвет Маслани, Гани Марку и Решад Исман. Дел од нив беа спроведени од притвор, а дел од затворот „Идризово“ кадешто издржуваат затворски казни од други предмети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините, СДСМ е поим за скандали и афери
Следна Статија 42-годишен маж е пронајден мртов во викендичка во Кавадарци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Силувана 20-годишна девојка, уапсен партнерот

Полицијата уапсила 27-годишен жител на струмичко заради сомневање дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село со која живее…

October 31, 2024
ХРОНИКА

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Охрид- Ресен

Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А2 Охрид- Ресен кај превојот Буково, соопштија вечерва од АМСМ. Како што посочуваат,…

April 6, 2025
ХРОНИКА

Палчо обвинува: Телефонската анализа е фалсификувана во ОЈО Скопје

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски продолжи денеска со изнесување докази од обвинението. Обвинителите посочија дека…

February 14, 2025
ХРОНИКА

Осуденик во Бардовци со стаклено шише усмртил друг осуденик, а пред 13 години во Неготино си ја убил и својата мајка

Утрово во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?