Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна 21. издание на Виз Ер скопски маратон, има рекордни над 14.000 тркачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Почна 21. издание на Виз Ер скопски маратон, има рекордни над 14.000 тркачи
СПОРТ

Почна 21. издание на Виз Ер скопски маратон, има рекордни над 14.000 тркачи

Објавено October 5, 2025 08:54
Сподели
Сподели

Со рекорден број учесници утрово стартуваше 21. издание на традиционалниот Виз Ер скопски маратон на кој се пријавени повеќе од 14.000 тркачи во дисциплините маратон, полумаратон (21 км.), штафетна трка и трка на 5 километри.

Како што соопштија организаторите, на годинешниот Виз Ер скопски маратон ќе учествуваат 477 тркачи од 40 држави, а најголеми фаворити за победа се маратонците од Кенија и најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски.

Тркачите учесници во маратонската, полумаратонската и штафетната трка „ЕУ за спорт“ стартуваа традиционално од пред зградата на македонското Собрание во 08:05 часот и ќе се движат по патеката во насока кон Хром.

Оваа година организаторите ја променија локацијата за стартот на најмасовната трка на пет километри на која се пријавени околу 10.000 учесници, кои стартуваа во 08:00 часот, во близина на зградата на Црвен крст, а тркачите ќе се движат во насока кон Аеродром.

Финишот за сите трки е на Плоштад Македонија.

Генерален покровител на Виз Ер скопски маратон е Министерството за спорт.

Поради одржувањето на денешната спортска манифестација, во Скопје на сила е биде посебен режим на сообраќај.

За време на одржувањето на маратонот сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици, при што МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници долж трасите на движење и навремено да го планираат своето движење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавени најдобрите 25 светски компании, меѓу нив нема ниту една од Европа
Следна Статија Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Синер со титула во Индијан Велс

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Русинот Данил Медведев синоќа во финалниот натпревар на турнирот Индијан Велс. Во меч што…

March 16, 2026
СПОРТ

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос…

July 14, 2025
СПОРТ

Мицкоски до ракометарите: Со вашата борбеност и срце оставено на терен, ја израдувавте целата нација

Честитки за победата! Македонските ракометари уште еднаш ја покажаа својата сила, упорност и сплотеност на теренот, им пиша премиерот Христијан…

January 23, 2025
СПОРТ

Столе Димитриевски пред утрешниот меч: Позитивен резултат во овој момент за нас е само победа

Столе Димитриевски се надева на победа на утрешниот меч со Казахстан. – Наша цел на секој натпревар е да бидеме…

October 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?